Меган и Хари пред развод: „Таа сака холивудска кариера, на принцот му недостасува Англија - веќе водат одвоени животи“
- Детали
- четврток, 24 октомври 2024
Според изворите, Хари бил засрамен од неуспешните соработки со Netflix и Spotify и му недостасувал животот во Англија. Меган, од друга страна, ги држела децата настрана од кралското семејство и сакала одново да се посвети на актерската кариера. Дали славниот пар е пред развод?
Откако го напуштија кралското семејство, бизнис плановите на Меган и Хари не се покажаа како најуспешни.
Но, парот сепак се труди да го одржи имиџот и честопати заедно се појавуваа на важни настани.
Сепак, изминативе месец-два не стивнуваат гласините дека на нивниот брак му се ближи крајот.
Шпекулациите се уште поизразени откако и Меган и Хари беа на неколку настани одвоено.
За британските медиуми, разни извори велат дека на Хари не му се допаѓа што се оддалечи од семејството поради Меган.
Истовремено, не бил многу среќен кога е опкружен со познатите личности со кои Меган сака да се дружат.
Па, поради ова, почнале да се оддалечуваат.
„Веќе извесен период се оддалечуваат еден од друг.
Желбата на Хари да се врати во Англија, каде што му се другарите, и неговата надеж дека ќе се смири со семејството создаваат притисок на нивниот брак.
Мразеше што нивните обиди да направат нешто со Netflix и Spotify беа неуспешни и што сите го исмејуваа. Па, почнува да му недостасува Англија.
Хари сака да оди во барови и да спортува со неговите другари, додека Меган сака живот во Лос Анџелес што е многу поразличен…
Неговите планови самиот да оди на настани и турнеи, настрана од Меган, е првиот знак дека пробуваат да живеат одвоено додека да одлучат што ќе прават следно“, вели извор за Radar Online.
Претходно, друг извор изјави дека на Хари не му се допаѓа тоа што Меган сака да има контрола над сè, особено начинот на којшто ги воспитуваат децата.
Таа дури не дозволувала децата да имаат каков било контакт со кралското семејство.
„Секако дека Меган сака да ја има контролата. Мислам дека проблемот со децата е тоа што веројатно им е убаво што го минуваат детството во Калифорнија.
Но, ќе дојде време кога ќе сфатат дека потекнуваат од британското кралско семејство и дека можеле да бидат дел од него како децата на Кејт и Вилијам“.
Неделава и локалниот медиум во Монтесито – градот во којшто живеат Меган и Хари – пишуваше за наводната разделба на парот.
Во текстот е истакнато дека неодамна Хари самиот беше во Африка, а и 40-тиот роденден го прослави без Меган.
Меган, од друга страна, само во октомври се појави на неколку настани без Хари.
Според изворите, Хари сака повеќе да се фокусира на добротворната работа, додека Меган сака да го развие својот бизнис, но и да си ја врати холивудската кариера.
А, еден извор вели дека наместо да се поддржуваат, Меган и Хари пробуваат да се засенат еден со друг, што дополнително им го влошува односот.
Спирова С. | Црнобело