Адел, со брчките во крупен кадар и без грам шминка, на 34-иот роденден ја слави природната убавина (фото)
- Детали
- петок, 06 мај 2022
„Никогаш не сум била посреќна. Толку многу лекции, толку многу благослови за кои сум благодарна. Вака изгледаат 34 години и обожавам што сум тука...“, вели Адел, која за роденденот позираше во сосема природно издание.
Адел вчера (05.05) го прослави својот 34-ти роденден. Таа објави фотографија на која е без грам шминка, блеска со насмевка и во крупен кадар ги покажува брчките.
Таа на пиедестал секогаш ја става природната убавина, па таква е пораката и на 34-тиот роденден. Самоуверена без грам шминка порачува дека стареењето е сосема природен процес и жените се убави во секоја доба од животот.
„Колкава разлика прави една година. Ако времето ги лекува и измазнува сите работи во животот како што прави во годините што изминуваат, тогаш не можам да дочекам да имам 60.
Никогаш не сум била посреќна. Толку многу лекции, толку многу благослови за кои сум благодарна. Вака изгледаат 34 години и обожавам што сум тука. Ви благодарам за сите роденденски желби.“
Роденденската атмосфера на Адел:
Повеќе фотки од неа:
Прочитајте и „Дали сум единствената што не ја сака Адел?“
С. С. | Црнобело