„Дали сум единствената што не ја сака Адел?“
- Детали
- вторник, 07 декември 2021
„Имам да ви признаам една тајна: Јас не сум фан на Адел. Можеби пропуштам нешто, но јас гледам жена која само кука на клавир. Знам дека сум малцинство тука, но јас сметам дека нејзината музика е здодевна, а нејзиното „Јас сум толку нормална“ е малку лажно.“
Кејт Вилис е новинарка и автор од Велика Британија која за магазинот The Sun напиша искрена колумна со наслов „Дали сум единствената која не ја сака Адел?“
Кои се ставовите на Кејт Вилис?
„Имам да ви признаам една тајна: Јас не сум фан на Адел.
Можеби пропуштам нешто, но јас гледам жена која само кука на клавир, нешто што ќе го најдете на кој било крузер од 80-тите.
Знам дека сум малцинство тука, нејзината „Easy On Me“ е стримувана 24 милиони пати само во првата седмица, но јас сметам дека нејзината музика е здодевна, а нејзиното „Јас сум толку нормална“ е малку лажно.
Не ме сфаќајте погрешно, сакам лигави љубовни песни, но слушањето на албумот на Адел ми личи на „snooze“ фест со една пијано балада по друга.
Светот полуде кога излезе нејзиниот нов сингл, но тој беше буквално ист како секоја песна на Адел.
Дури и на Адел ѝ е здодеано да смислува имиња за нејзините албуми, па овојпат се реши само за бројка „30“.
Прашајте ги фановите на Адел зошто ја сакаат и тие ќе ви кажат затоа што ја чувствуваат многу блиска. Но, тоа што таа вели срцки (babes) и пцуе многу не ја прави една од нас.
Многу повеќе ќе ми се допаѓаше ако се однесуваше како дива од своето раскошно „гнездо“ во Лос Анџелес и се фалеше со рутината за вежбање, отколку да се фали колку е обична и сака да јаде сендвичи.
Погледнете го само нејзиното последно интервју за Vogue каде вели дека причината поради која живее во Лос Анџелес е што не може да си дозволи да живее во Лондон. Ова го кажува жена која „тежи“ повеќе од 200 милиони евра.
Потоа, ме иритира како глуми приземјена во смисла станувала нервозна кога изведува, па понекогаш дури ја прекинува првата песна од трема. Не ме зезај, пее пред стотици илјади луѓе години наназад.
Можеби најлошата работа поради која не ја сакам Адел е тоа што не можам да ја избегнам.
Таа е на мојот Инстаграм, кај Опра и на секоја можна радио станица. Да, има прекрасен глас, но за мене не претставува икона на поп музиката од мојата генерација.
Таква ѕвезда е Лејди Гага која знае да се појави и во фустан од месо или Бијонсе која изведува со пиротехника и стотици танчари зад неа.
Поп музиката треба да те натера да станеш и да танцуваш, а не константно да ја топиш перницата во солзи.
Не знам кога ќе заврши оваа опсесија со Адел. Само знам дека ова е свет на Адел сега и сите живееме во него.“
С. С. | Црнобело