Кара Делевињ ја покажа псоријазата на црвениот тепих на Мет Гала: „Луѓето се плашеа да ме допрат“
- Детали
- петок, 06 мај 2022
Четири години доминираше на модната сцена, а одлучи да ја напушти во 2015-та година, откако разви кожно заболување предизвикано од стресот и напнатиот распоред. Кара Делевињ гордо зачекори на црвениот тепих на Мет Гала и ја покажа псоријазата на нејзиното тело, без намера да ја сокрие.
Моделот Кара Делевињ (29) на Мет Гала се појави на црвениот тепих во сако и пантaлони од Dior Haute Couture, но во еден миг го соблече блејзерот и покажа дека е целосно во топлес издание, а телото ѝ е прекриено само со златна боја.
Додека повеќето се сконцентрираа само на „голотијата“ и на тоа што сѐ е откриено, но и на нејзиниот впечатлив накит, многу мал дел забележаа дека со златна боја не е покриена нејзината псоријаза.
Деловите од рацете на Кара зафатени со псоријаза беа оставени необоени со цел да се избегне понатамошна иритација на оштетената кожа.
Кара не го прокоментира своето појавување на Мет Гала, но за здравствената состојба говореше во минатото. Во 2015-та година кога одлучи да ја напушти модната индустрија таа даде долго интервју каде говореше за кожното заболување.
Како што рече, во моментот кога била на врвот на кариерата имала и по 53 модни шоуа во една модна недела, поради што почнала да развива знаци на депресија.
Стресот, од друга страна, предизвикал кај неа да се развие кожното заболување псоријаза, што постојано морало да биде прекриено со дебели слоеви шминка.
„Луѓето ставаа ракавици и не сакаа да ме допрат затоа, што мислеа дека имам лепра или нешто слично. Тоа беше лош период, се борев со месеци и постојано бев на работ.
Тоа бараше особен ментален напор, затоа што ако се мразиш себеси и сопственото тело и начинот на којшто изгледаш, тогаш нештата само повеќе се влошуваат“ – рече тогаш Кара.
Сега, неколку години подоцна, Кара нема проблем да зачекори на црвениот тепих и да го покаже заболувањето.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело