- Детали
-
среда, 04 мај 2022
-->
За настапот во тесниот фустан во боја на кожа велат дека наликувал на „јавно водење љубов со претседателот пред очите на сите Американци“, а изборот на скандалозната тоалета следел по низа трагедии во нејзиниот живот – Факти за Мерилин Монро и нејзиниот скандалозен фустан, кој го носеше Ким Кардашијан на Мет Гала 2022.
Ким Кардашијан го облече скандалозниот фустан на Мерилин Монро на Мет Гала 2022 и деновиве е топ тема. Мора да признаеме, што и да прави ријалити ѕвездата знае како да го привлече вниманието на јавноста и со денови да остане во фокусот.
-->
Во моментов „голата“ тоалета на Мерилин Монро е најскапиот фустан што некогаш бил продаден на аукција по цена од 4,8 милиони долари и се чува во музејот Ripley’s Believe It Or Not, а Ким раскажа колку макотрпно работела за да може да го облече.
Но, која е приказната зад скандалозниот фустан и зошто има толку големо значење за модната историја во САД?
Како тој го означува почетокот на крајот што следел само неколку месеци подоцна, кога актерката која важела за секс-симбол одлучила да посегне по сопствениот живот.
-->
-->
На кој начин изборот на фустан ја одбележал кариерата на холивудската икона и зошто има толку големо значење?
-->
За да се разјаснат работите потребно е да се вратиме наназад и да ги погледнеме фактите...
Во 1960-та година Мерилин работела на снимањето на нејзиниот последен филм Misfits. Помалку познат детаљ е дека сценариото било напишано од страна на нејзиниот тогашен (трет) сопруг Артур Милер, а улогата била направена специјално за неа.
За време на снимањето актерката постојано имала проблеми со нападите на депресија, не ѝ се допаѓале условите за снимање во пустината Невада, а воопшто не сакала ниту да го промовира остварувањето. Постојано доцнела или пак воопшто не се појавувала.
-->
Голема траума ѝ претставувало тоа што нејзиниот колега Кларк Гембл со кого заедно ги толкувале главните улоги во филмот починал само неколку денови по завршувањето на снимањето откако претходно добил срцев удар.
Освен тоа, Мерилин имала можност да гледа како нејзиниот тогашен сопруг се вљубува во фотографката Инге Морат, со која се оженил во 1962-ра година и со неа бил во брак сѐ до нејзината смрт во 2002-ра година.
Веднаш по завршувањето на снимањето во 1960-та година актерката била примена во психијатриска установа во Њујорк, а лекарите ја уверувале дека ја примаат таму само затоа што ѝ е потребен одмор. Според нејзиното сведочење 4 дена била држена во обложена просторија и била под постојан надзор, а потоа ја прашале дали не ѝ се допаѓа престојот таму.
Во нејзините писма од тој период актерката открива дека почнала самата да се сече со жилет, а нејзиниот втор сопруг Џо Димаџио дошол и побарал таа веднаш да биде пуштена. По ова почнале гласините дека таа најверојатно ќе се помири со него.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира: