Лекарите на Амбер Херд со нови бизарни детали – Џони Деп ѝ барал дрога на интимни места, ја обвинувал кога немале секс
- Детали
- среда, 04 мај 2022
„Џони Деп во изливи на љубомора ја малтретирал и ја тепал, па во еден момент ѝ барал дрога и во вагината. Амбер боледува од анксиозност, биполарно пореметување и АДХД, а со години е зависничка од дроги“ – тврдат нејзините лекари кои сведочеа на судењето за клевета.
Продолжува судската сага помеѓу Џони Деп и Амбер Херд. По 13 дена сведочење, адвокатите на Џони Деп ги изнесоа сите детали и дадоа можност одбраната на Амбер Херд да почне да ја презентира нивната страна.
Досега сведочеа повеќе лица кои застанаа во одбрана на славниот актер, а и тој самиот застана пред судницата и за првпат имаше можност да ја каже својата приказна.
Телохранителот на Џони Деп, Стралинг Џенкинс вчера (03.05) сведочеше во судницата и раскажа како за време на 30-иот роденден на Амбер Херд на 21-ви април 2016-та година парот имал бурна расправија.
Имено, Џенкинс работел како обезбедување на роденденската забава на Амбер, а неговата смена завршила во 11:15 часот. Дотогаш Џони не дошол на забавата, а заради тоа почнала расправијата помеѓу сопружниците.
По бурната расправија, Џони заминал за да преспие на еден од неговите други имоти, а Џенкинс раскажува како следното утро кога дошол на работа Амбер му кажала дека во бурната расправија Џони ги фрлил мобилниот телефон, паричник и документи низ балконот.
Со помош на апликација за следење, Џенкинс го нашол телефонот во улицата каде живеат бездомни лица, недалеку од нивниот стан, а на бездомникот му дал 420 долари, пилешки такоси, чипс, јаболка и Фиџи вода за да го врати телефонот.
Прочитајте и Видео од Амбер Херд како гола ги пречекува љубовниците по кавгите со Џони Деп + Факти за ексцентричниот љубовен живот
Од страната на Амбер, како прв сведок во судницата застана докторката Даун Хју, клинички и форензички психолог, која е специјалист за семејно насилство од Њујорк.
Докторката во судницата изнесе повеќе информации што ги добила од Амбер Херд. Како што вели, актерката ѝ кажала дека „Деп кога бил пијан или под дејство на дроги ја фрлал Херд на креветот, ѝ ја кинел ноќницата и се обидувал да има секс со неа.“
„Ја присилувал да му дава орален секс кога бил лут. Ова не биле моменти на љубов, туку мигови во кои сакал да покаже кој е доминантен во врската“ – вели таа.