Ким открива детали за фустанот на Мерилин Монро: „Бев на строга диета за да влезам во него, а го носев само неколку минути“

Ким во интервјуто појаснува кое е според неа значењето на овој познат фустан на Мерилин Монро, кој уште е познат и како „happy birthday“ фустан.

„Денес сите носат проѕирни фустани, но тогаш не било така. На некој начин тоа е првиот гол фустан и затоа ги шокирал сите“ – вели Ким.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-04.jpg

Оригинално Мерилин платила само 1.440 долари за фустанот, кој во 1999-та година бил продаден на аукција по цена од милион долари, а во 2016-та година бил повторно продаден на аукција по цена од 4,8 милиони долари и денес се наоѓа во музејот Ripley’s Believe It Or Not, како најскап фустан што некогаш бил продаден на аукција.

„Јас сум голем обожавател на аукции и имам неколку предмети од Џон Кенеди, па така го познавам и сопственикот на Julien’s Auctions (каде последен пат бил продаден фустанот) и тој успеа да ме поврзе со Ripley’s и така започнаа преговорите“ – раскажува Ким.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-11.jpg

Познатата ријалити ѕвезда е втората личност по Мерилин Монро што имала можност да го носи познатиот фустан. Проѕирниот фустан бил зашиен на актерката пред настапот.

Како што раскажува Ким, при првата посета на музејот ѝ била дадена реплика за да ја проба и тогаш сѐ било во ред, но откако фустанот со стражари бил однесен во нејзиниот дом во Калабасас сѐ тргнало наопаку.

„Отсекогаш сметав дека Мерилин имала премногу облини. Мислев дека јас ќе бидам помала на некои места каде што таа била поголема и поголема на местата каде таа била помала, па така кога фустанот не ме собираше сакав да плачам затоа што не смеев да правам никакви поправки на него“ – раскажува таа.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-08.jpg

Со оглед на тоа што имала само неколку месеци пред големиот настан Ким одлучила дека или треба да ослаби за да може да го облече фустанот, или да најде нешто друго да носи.

„Носев костум за сауна по двапати дневно, трчав на лента, во целост се откажав од шеќери и јаглехидрати и јадев само зеленчук и протеини. Не се изгладнував, но бев мошне ригорозна со исхраната“ – вели таа и додава дека по еден месец кога видела дека фустанот ѝ е точен на последната проба, сакала да заплаче од среќа.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-15.jpg

Ким на црвениот тепих се појави во фустанот од Мерилин, носеше обетки од бело злато и бела крзнена наметка, а русата коса ја имаше собрано во пунџа. Навидум, фризурата ѝ беше мошне едноставна, но таа откри дека поминала цели 14 часа во боење и во трансформација.

Иако поминала неколку месеци во подготовка за да го носи фустанот, реалноста е дека таа го носела оригиналниот фустан само неколку минути.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-16.jpg

Стручните луѓе од Ripley’s ја пречекале во соблекувалната пред Мет Гала и со бели ракавици ѝ помогнале да го облече фустанот, а откако се качила на фамозните скали од настанот веднаш се пресоблекла во идентична реплика.

„Имам огромна почит за фустанот и за значењето што тој го има за американската историја. Никогаш не би сакала да седам или да јадам со него, или на кој било начин да го оштетам, па затоа и не носев шминка на телото, како што вообичаено носам“ – раскажува таа.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-13.jpg

Инаку, Ким откри дека поседува и реплика на фустанот што Мерилин Монро го носела на доделувањето на Оскарите во 1962-та година.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg