Најсмешните мемиња за Мет Галата + симболиката на најдобрите модни комбинации на познатите личности
- Детали
- вторник, 03 мај 2022
Темата на овогодишната Мет Гала беше „позлатен гламур“, па познатите требаше да црпат инспирација од таканаречената позлатена ера на Њујорк од крајот на 19-тиот век. Додека некои завршиле одлична работа, голем дел целосно ја промашиле темата, па, на наше големо задоволство, шегите на твитерџиите не изостанаа.
Како и секоја година, голем дел од славните ја промашиле темата на Мет галата, па се соочија со многу шеги на нивна сметка.
Годинава темата на настанот беше „позлатен гламур“. Според Vogue, познатите требало да црпат инспирација од раскошот и гламурот од периодот на „позлатената ера на Њујорк“.
Оваа „позлатена ера“ на Њујорк се однесува на периодот кон крајот на 19-тиот век, кога градот забележал забрзан развој и жителите уживале во вистински раскош.
Најпрепознатливи детали од модата од овој период се корсетите и долгите, раскошни фустани, но и материјалите како сатен, свила и кадифе. Ѕвездите биле охрабрени да црпат инспирација и од архитектурата од тој период.
Нормално, тие имаа слобода да ги вметнат овие детали во помодерни комбинации, но голем дел од нив целосно ја промашиле темата.
Сепак, некои се истакнаа со креативноста и генијалноста на нивните комбинации, а еден од најдобрите примери за ова е Блејк Лајвли. Актерката се појави во Versace фустан инспириран од архитектурата на Њујорк, односно градбите кои биле направени во „позлатената ера“.
Дезенот на корсетот е инспирирани од Емпаер Стејт Билдинг, а на фустанот има и детали од таванот на познатата железничка во Њујорк – Grand Central Terminal.
Трансформацијата на фустанот, пак, е инспирирана од оксидацијата на Статуата на слободата.
she was insane for this #MetGala pic.twitter.com/Vx0ojBjCS2
— ًً (@foIkIodrama) May 2, 2022
Риз Ахмед не е познат колку Блејк, но и тој добро ја сфатил темата. Неговата комбинација е инспирирана од облеката што ја носеле работниците во позлатената ера.
Со својата комбинација, Сара Џесика Паркер ѝ оддаде почит на Елизабет Хобс Кекли – првата афроамериканска дизајнерка во Белата куќа. Елизабет била робинка пред да стане официјалната стилистика на Мери Тод Линколн, сопругата на Абрахам Линколн.
Креацијата на Сара Џесика Паркер е инспирирана од фустан што Елизабет го дизајнирала во 1860-тите.
Фустанот што го носеше Ким Кардашијан е од релативно поново време, но одлично го доловува гламурот на Њујорк. Истиот фустан е важен дел од американската модна историја бидејќи Мерилин Монро го носеше кога му ја испеа Happy Birthday на претседателот Џон Ф. Кенеди.
Били Ајлиш, пак, можеби најдобро ја доловила модата од позлатената ера на Њујорк. Пејачката носеше Gucci фустан со корсет, ракави од тантела и свилено здолниште.
Како што веќе кажавме, голем дел од познатите целосно ја промашиле темата, а твитерџиите истакнаа и дека мажите секоја година изгледаат исто – носат обичен црн костум.
Очекувано, твитерџиите се шегуваа за Ким Кардашијан, како и за фактот дека некои од најпознатите личности, како Тејлор Свифт, воопшто не беа присутни на настанот.
Најсмешните мемиња и твитови за овогодишната Мет Гала:
Мажите на Мет Галата секоја година
The men in Met Gala every year:#MetGala #MetGala2022 pic.twitter.com/fl302PdC23
— WILDEST DREAMS HAHA 🧣 (@swiftoursonggg) May 2, 2022
Јас додека се обидувам да најдам некоја референца за овогодишната тема
me trying to find some peoples references to the theme #MetGala #MetGala2022 pic.twitter.com/ABdMeaWfuB
— VALERIJA (@vaaalerijaaa) May 2, 2022