Мајката на децата на Илон Маск мрази да ја викаат „мамо“ - Факти за воспитувањето на нивните деца
- Детали
- петок, 29 април 2022
Илон Маск (50) и канадската пејачка Грајмс (33) заедно имаат две деца, а нивниот начин на воспитување во голема мера се разликува од она што е вообичаено. Од чудни имиња, до викање на родителите по име, бидејќи мајката мрази да ја викаат „мамо“ – какви родители се Илон Маск и Грајмс?
Пред извесен период во интервју за Vanity Fair, канадската пејачка Грајмс, откри дека со милијардерот Илон Маск со кого претходно ја раскина 3-годишната врска го добиле второто заедничко дете преку сурогат мајка.
Милијардерот и ексцентричната пејачка во повеќе наврати давале изјави поврзани за нивните деца, од кои во голема мера може да се открие нивниот неконвенционален начин на воспитување на децата.
Во продолжение да погледнеме неколку интересни факти за тоа какви родители се Маск и Грајмс:
Децата имаат чудни имиња
Првото дете го добија во 2020-та година и му го дадоа името X AE A-XII, или скратено X. Второто дете го добија во декември 2021-ва година преку сурогат мајка, а скратено го викаат Y.
Грајмс потоа откри дека целосното име на нивната ќерка е Exa Dark Sideræl Musk.
Грајмс чие вистинско име е Клер Елис Буше (32) има поголема улога во воспитувањето на децата
Кога нивниот син X AE A-XII се роди во 2020-тата, Маск откри дека смета дека тој не е потребен во првата година од животот на детето. Во напис за The New York Times Маск рече:
„Во моментов нема многу што јас да правам, Грајмс има многу поголема улога од мене, кога детето ќе стане поголемо, јас ќе бидам повеќе вклучен.“
Илон вкупно има седум деца, а активно е вклучен во нивните животи
Како што вели, неговите деца најчесто одат заедно со него на службените патувања.
По разводот со Џастин Вилсон тој доби водечко старателство над нивните 5 сина (близнаците Грифин и Кзавиер и тројката Каи, Саксон и Демиан) и тие 4 денови од неделата ги поминуваат со него.
Децата не ја викаат Грајмс „мамо“, туку ја викаат по името Клер
Во интервју за Vogue ексцентричната пејачка рече дека најверојатно нејзиниот син може да ја почувствува нејзината згрозеност од тој збор.
„Чудно звучи кога ќе ја кажете фразата ‘да се биде мајка’. Од некоја причина не се идентификувам со тој збор. Што навистина е чудно затоа што X ме вика ‘Клер’, но не ме вика ‘мамо’, можеби ја чувствува мојата згрозеност од зборот ‘мамо’.“
Не внимаваат какви филмови гледаат со децата
Додека поголем број од родителите внимаваат на тоа во колкава мера програмата што ја гледаат е соодветна за возраста на нивните деца, Грајмс се фали дека заедно со X го гледале Apocalypse Now – избор со кој многумина не би се сложиле.
Полово неутрално родителство
Синот и ќерката на Илон Маск и Грајмс ќе израснат според најновите трендови на полова неутралност.
Со други зборови, тоа значи дека парот нема да се обидува да им ги наметне концептите на поделба на полови и родови на децата од мали нозе.
На тој начин нивните деца ќе можат сами да одлучат за сопствената родова определба.
Грајмс вели дека откако станала мајка се преродила на уметничко ниво, а откри дека нејзиниот син X ѝ помага во креирањето на новата музика
Маск и Грајмс најавија дека се раздвоени, но тие заедно ќе се грижат за нивните деца
Грајмс во интервјуто во кое сосема случајно откри дека тие станале родители по вторпат и ја добиле ќерката Y, откри дека живеат во одвоени куќи, но дека се најдобри пријатели.
Б. С. Б. | Црнобело