Адријана Лима (40) го покажа трудничкиот стомак на модна ревија, откако го откри полот на третото дете
- Детали
- среда, 20 април 2022
Адријана Лима пред само неколку денови во кратко видео го откри полот на своето трето дете, а сега зачекори на модните писти и го покажа голиот труднички стомак.
Ниту третата бременост не може да ја спречи Адријана Лима (40) да зачекори на модните писти. Таа во вторникот (19.04) се појави на модна ревија за Alexander Wang во Лос Анџелес.
Поранешниот модел на Victoria’s Secret носеше црн фустан со отсечок на стомакот од кој се гледаше нејзиниот труднички стомак.
Изгледот беше надополнет со високи кожени чизми над колената.
Инаку, Адријана во февруари објави дека таа и нејзиниот партнер, филмскиот продуцент Андре Лемерс Трети го очекуваат своето прво заедничко дете.
Пред неколку дена, на својот ТикТок профил Адријана објави кратко видео во кое го откри полот на бебето.
Како што може да се види од објавата, по две ќерки од бракот со кошаркарот Марко Јариќ, познатата манекенка очекува син.
@adrianalima And the reveal is in… thanks @Genderrevealmiami for putting such an incredible reveal together last minute and Ale & Lucas Bomeny for capturing the moment!#babygenderreveal ♬ Fantasy - Jodie Comer
Инаку, за врската на Адријана и Андре дознавме минатата година кога тие заедно се појавија на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција.
Погледнете го видеото од модната ревија на Alexander Wang (Адријана се појавува во 4-та минута):
Б. С. Б. | Црнобело