Адријана Лима откри дека е бремена по третпат – Како реагираше на вестите нејзиниот партнер? (видео)
- Детали
- петок, 18 февруари 2022
Бразилската убавица која веќе има две ќерки од врската со српскиот кошаркар Марко Јариќ објави видео со кое покажа како реагирал нејзиниот партнер кога дознал дека ќе стане татко.
Адријана Лима (40) на креативен начин ги сподели убавите вести дека ќе стане мајка по третпат. Таа веќе ги има ќерките Валентина (12) и Сиена (9) од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ.
За нејзината врска со филмскиот продуцент Андре Лемерс Трети дознавме откако минатата година тие заедно се појавија на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција.
Прочитајте и Адријана Лима разменува нежности со новото момче во Венеција и Париз – кој е мистериозниот Андре Лемерс? (фото)
Моделот на Victoria's Secret отвори профил на ТикТок профил, а во првото видео што го објави таму покажа како реагирал Андре кога ги дознал убавите вести дека ќе стане татко.
Како што појаснува тој редовно сака да ја плаши и да ја снима во најнезгодните мигови во нејзиниот живот, па таа одлучи да му врати така што го снимаше во мигот кога тој го виде позитивниот тест за бременост.
Како реагираше Андре на вестите дека наскоро ќе стане татко, погледнете во видеото:
@adrianalima #firstiktok #baby #surprise ♬ (Your Love Keeps Lifting Me) Higher & Higher - Jackie Wilson
Б. С. Б. | Црнобело