Поранешни вработени ги напаѓаат Кардашијанс: „Се фалат со богатството, а ние немаме пари за храна - мислат дека се кралско семејство“

„Работев постојано. Не спиев доволно. Почнав да пијам алкохол – премногу алкохол – за да се справам со стресот. Ми се уништи здравјето и почна да ми паѓа косата бидејќи немав време да се грижам за себе“.

poraneshni-vraboteni-gi-napagjaat-kardashijans-se-falat-so-bogatstvoto-a-nie-nemame-pari-za-hrana-mislat-deka-se-kralsko-semejstvo-001.jpg

Постојат многу гласини за ужасните услови за работа со кои се соочуваат вработените на сестрите Кардашијан-Џенер. Покрај ниската плата, поранешните вработени се имаат пожалено за предолги работни часови и, генерално, услови кои им го загрозуваат здравјето.

Пред околу еден месец девојка која порано работела како уредник на поранешните апликации на семејството Кардашијан објави вирален твит во кој ги обвинува.

Поради популарноста на твитот и многуте други луѓе кои ги споделија нивните непријатни искуства додека работеле за познатото семејство, сега девојката напиша и цела колумна на таа тема.

Таа го напиша твивтот како одговор на бизнис советите за жени што ги сподели Ким Кардашијан. 

poraneshni-vraboteni-gi-napagjaat-kardashijans-se-falat-so-bogatstvoto-a-nie-nemame-pari-za-hrana-mislat-deka-se-kralsko-semejstvo-06.jpg

Девојката, Џесика ДеФино, вели дека работела скоро секој ден, а имала толку ниска плата, што не можела да плати ни гориво за да отиде на работа.

Истовремено, надредените ја прекорувале бидејќи работела и фриленс за да може да заработи доволно за живот.

„Бев уредник на апликациите на Кардашијанс во 2015 година во Лос Анџелес. Работев и преку ден, навечер, и за викенди, а можев да си купам храна само од продавниците во кои сите продукти се по 1 долар. Неколкупати кажав дека сум болна бидејќи немав пари да ставам гориво во автомобилот за да отидам на работа, а бев прекорувана бидејќи работев и фриленс“.

https://twitter.com/jessicadefino_/status/1501631438348816392

Според TMZ, со нивните апликации - кои бараа претплата за да се користат - Кардашијанс заработувале и до 32 милиони долари годишно.

Нивните апликации беа активни од 2015 до 2019 година.

Сепак, и покрај вртоглавата заработка, нивните вработени едвај сврзувале крај со крај.

poraneshni-vraboteni-gi-napagjaat-kardashijans-se-falat-so-bogatstvoto-a-nie-nemame-pari-za-hrana-mislat-deka-se-kralsko-semejstvo-05.jpg

Во новата колумна објавена на веб-сајтот Vice, Џесика открива дека заработувала 35.000 долари годишно. Во САД просечната годишна плата во 2015-та била речиси 60.000 долари.

Џесика вели дека со овие пари едвај можела да ги покрие најосновните трошоци, како храна, кирија и сметки.

Сето ова се одразило врз здравјето на Џесика која тврди дека била и во депресија.

poraneshni-vraboteni-gi-napagjaat-kardashijans-se-falat-so-bogatstvoto-a-nie-nemame-pari-za-hrana-mislat-deka-se-kralsko-semejstvo-03.jpg

Во колумната има изјави и od други луѓе кои биле во слична положба. Според нив, Кардашијанс сметале дека да се работи за нив е престиж, па поради ова си давале слобода да ги третираат вработените ужасно.

„Работев постојано. Не спиев доволно, Почнав да пијам алкохол – премногу алкохол – за да се справам со стресот. Ми се уништи здравјето. Почна да ми паѓа косата. Воопшто не се грижев за себе бидејќи работат мораше да ми биде приоритет“, гласи изјавата на девојка која сакала да остане анонимна.

poraneshni-vraboteni-gi-napagjaat-kardashijans-se-falat-so-bogatstvoto-a-nie-nemame-pari-za-hrana-mislat-deka-se-kralsko-semejstvo-04.jpg

Поранешните вработени истакнуваат и дека Кардашијанс не најмувале доволен број луѓе. Тие очекувале една личност да ја заврши работата на пет други.

Поради ова, од вработените се очекувало да бидат достапни 24 часа, буквално секој ден од неделата, а никогаш не биле платени за прекувремено работење.

„Таа е милијардер кој се фали со богатството, но сака само 2-3 луѓе на нејзиниот тим бидејќи не ѝ се даваат пари“, вели девојка која работела за модниот бренд на Ким Кардашијан.

poraneshni-vraboteni-gi-napagjaat-kardashijans-se-falat-so-bogatstvoto-a-nie-nemame-pari-za-hrana-mislat-deka-se-kralsko-semejstvo-02.jpg

Според друг поранешен вработен, Кардашијанс се гледале себеси како „кралското семејство од Америка“ и биле убедени дека секој би сакал да работи за нив, дури и за смешно ниска плата.

Прочитајте повеќе: Дава минимална плата, сите си даваат отказ – што откриваат поранешните вработени на Кајли Џенер за неа?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Бредли Купер брза да ја земе ќерката на која ѝ се слошило, Џеј Ло ја држи мајка ѝ за рака: Фото-дока... Бредли Купер мораше да ја напушти прес конференцијата за најновиот филм „Maestro...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Џесика Симпсон пред развод, откако го надмина алкохолизмот: „Хистерична е и опседната со пластични о... „Сопругот на Џесика, Ерик, постојано кажува колку е тешко да се живее со личност...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg