Ким Кардашијан критикувана за нејзините бизнис совети за жени: „Ти порасна во луксуз, а вработените не си ги плаќаш“
- Детали
- петок, 11 март 2022
Ким Кардашијан се најде на мета на критики откако изјави дека денес никој не сака да работи, а за бизнис империја како нејзината, доволна е само напорна работа. Јавноста смета дека Ким нема допир со реалноста и го заборава фактот дека пораснала во богато семејство со моќни познаници, а поранешни вработени кај неа кажуваат дека ги експлоатира и не ги плаќа.
Како дел од најавата за нивното ново ријалити шоу, Ким, Кортни и Клои Кардашијан, заедно со нивната мајка Крис Џенер, направија интервју со Variety каде што зборуваат за нивната бизнис империја.
Во интервјуто има и дел каде што Кардашијанс се обидуваат да ги споделат нивните совети за успешен бизнис, но изјавата на Ким веднаш наиде на бројни критики.
За многумина, проблемот е што Ким целосно го игнорира фактот дека е родена во богато и моќно семејство. Што значи, иако таа дефинитивно работи напорно, не ја зема предвид помошта и парите што ги добила од нејзиното богато семејство.
Првата која споделува бизнис совети во интервјуто е Клои:
„Мојот совет за жените во светот на бизнисот е дека мораат да го прават она што го сакаат. Бидејќи ако не се страсни кон нивниот бизнис, нема да биде лесно.
Луѓето мислат дека успехот доаѓа лесно. Не доаѓа лесно, особено ако сакате нешто на долгорочен план“.
Веднаш потоа се надоврзува и Ким со советот што ја разбранува јавноста:
„Јас го имам најдобриот совет за жените во светот на бизнисот – мрднете го задникот и работете. Се чини како никој да не сака да работи денес.
Морате да се опкружите со луѓе кои сакаат да работат, да имате добра работна околина каде што сите го сакаат она што го прават бидејќи имате еден живот.
Без токсична работна средина и сработете го она што треба“.
Потоа Ким вели и дека воопшто не е лесно да прави фотографии за социјалните мрежи – она што во голема мера ја направи една од најпознатите жени во светот.
„Луѓето мислат дека е лесно, дека можете само да објавите што било. Не е лесно кога правите фотосесија за продукти, кога објавувате постови поврзани со работа.
Ова сепак е работа и е многу тешко, никогаш не е лесно да се стане успешен. Па, ако вложите труд ќе ги видите резултатите. Толку е едноставно“.
Само ден-два откако видеото беше објавено од Variety, стана вирално на социјалните мрежи и јавноста не се воздржуваше од критики.
Повеќето го нагласуваат фактот дека Ким и нејзините сестри се родени во богато семејство и имале огромна финансиска помош и поддршка за да ги реализираат сите нивни соништа.
Во реалноста, ова е луксуз што повеќето го немаат.
Дел од критиките споделени на Твитер во продолжение:
„Веројатно е вистина дека Кардашијанс работат напорно и изгледа Ким најдобро го познава бизнисот. Но, навредливо е да ја игнорира привилегијата пред да ја изгради кариерата – познат и ултра богат татко и моќни пријатели во Лос Анџелес, вклучувајќи ја и Парис Хилтон во период кога беше најпозната“.
„Многу сакам кога луѓе кои се родени ненормално богати, имаат добри врски и родители со моќни познаници, пробуваат да ја нагласат важноста на работењето“.
„Можеби Ким е највредната личност што постои, но напорната работа не е предуслов за успех. Зад секој успешен човек, има 100 луѓе кои имаат и по две работни места, а сепак живеат од месец за месец“.
„Мислам дека ако си пораснал на Беверли Хилс со многу успешни родители во огромна палата… никој не треба да го слушне твоето мислење за работење или успех“.
„Многу е полесно да работиш напорно кога го правиш тоа за задоволство, а не за преживување. Кога можеш да отидеш на одмор кога и да посакаш без да се плашиш дека ќе останеш без плата или ќе бидеш гладен“.
Една девојка сподели и фотографија на која се гледа 16-годишната Ким со BMW автомобил што го добила како подарок од татко ѝ.
„Ким која доби BMW на 16 години ми кажува дека треба да работам повеќе“.
Некои одат дотаму што ја критикуваат Ким дека заработува милионски суми со експлоатација на луѓето кои работат во нејзините компании за облека и козметика бидејќи постојат гласини дека ги плаќа многу малку, како и дека условите за работа не се најдобри.
„Ова го кажува милијардерката Ким Кардашијан. Знаеш ли дека единствениот начин да станеш милијардер е со експлоатација на трудот? Која си ти да зборуваш за напорна работа и за тоа дека луѓето не сакале да работат?“
Во продолжение видеото на Variety (советите на Ким се по 5-тата минута):
Што мислите вие за бизнис советите на Ким Кардашијан?
Спирова С. | Црнобело