„Бев шокирана и тажна, кажуваше лаги за мене, но таа е татко на моите ќерки“ - Како Крис Џенер се справи со транзицијата на Кејтлин?
- Детали
- петок, 08 април 2022
Додека Ким Кардашијан 15 години ја криела тајната на Кејтлин, порано Брус, Крис Џенер вели дека била шокирана од транзицијата на бившиот сопруг. Но, Кејтлин смета дека Крис била свесна за нејзините кризи со идентитетот и ова го залади односот меѓу нив. Сепак, денес поранешните сопружници се во добар однос бидејќи Кејтлин сепак е татко на две од ќерките на Крис.
Пред транзицијата, Кејтлин беше позната како Брус Џенер и околу две децении беше во брак со Крис Џенер. Тие најавија дека се разделуваат во 2013-та, а само две години подоцна Кејтлин откри дека ја почнува својата транзиција.
Оваа новост беше шок за јавноста, најмногу бидејќи шоуто на Кардашијанс и нивните животи ги следат многу луѓе, а тој период ништо не навестувало дека Кејтлин, тогаш Брус, размислувала да го промени полот.
Единствено Ким Кардашијан не била изненадена бидејќи 15 години пред транзицијата ја „начекала“ Кејтлин, тогаш Брус, како облекува женска облека. Наводно, ријалити ѕвездата не спомнала ништо бидејќи се плашела дека тоа ќе го растури бракот на Крис и Брус.
Кејтлин има изјавено дека Крис била свесна за нејзините кризи со идентитетот. Сепак, сега Крис тврди дека не знаела ништо.
Во неодамнешно интервју, 66-годишната Крис прозборе за целата ситуација со Кејтлин, како и односот што го имаат сега.
„Денес сме во добар однос. Пријатели сме. Ја гледам често на семејните собири и досега се имаме смирено“, вели Крис за односот со Кејтлин.
На прашањето како реагирало семејството кога дознало за желбата на Кејтлин да направи транзиција, Крис изјави:
„Мислам дека беше огромен шок. Страшно е да поминеш низ нешто за коешто не знаеш ништо. Ова е проблем со кој никогаш не мислев дека ќе се соочам во живо или дека ќе треба да покажам разбирање. Тоа беше нешто што не го знаев, не го разбирав“.
Кратко по транзицијата, Кејтлин објави книга во која зборува за нејзиното искуство. Во книгата таа тврди дека Крис само глуми шокирана и била свесна за предизвикот со којшто се соочувала Кејтлин.
Поради контроверзните изјави во книгата, извесен период Кејтлин го заладила односот со семејството. Тој период Крис изјави дека сè што е напишано во книгата е лага, како и дека е повредена од лажните зборови на Кејтлин.
Дури и ќерката на Кејтлин, Кендал, тврдеше дека станува збор за измислици, но дека Кејтлин не го прави тоа намерно:
„Не мислам дека лаже намерно. Сметам дека поради некоја причина, таа навистина мисли дека се случиле овие работи“.
Сепак, сега ситуацијата е подобра, а Крис истакнува дека помеѓу неа и Кејтлин постои огромна почит.
„Сепак, таа е татко на две од моите деца, а тоа кажува многу“.
Крис Џенер прозборе за транзицијата на Кејтлин и минатата година:
„Никој од нас немаше искусено нешто такво. Не знаевме како да се справиме – тоа беше цел процес, беше шок, а потоа стана реалност и нешто со коешто мораме да се помириме и нешто за кое мораме да научиме многу.
Она што мене ми е многу интересно е тоа што сум сигурна дека многу од фановите на нашето шоу не го очекуваа ова и беа исто збунети, тажни, но и среќни како нас“.
Кејтлин е татко на Кендал и Кајли Џенер, а тие неколкупати ја имаат покажано нивната поддршка.
„Кога тато кажа дека е трансродова личност, нашата врска зајакна. Конечно можеше да биде искрена со мене. Можевме да зборуваме за длабоки емоции и она што таа го чувствуваше.
Додека растевме, татко ми не зборуваше за неговите чувства, па ова е голем чекор напред за нас.
Поради храброста на татко ми научив да го сакам она што го сакам без да се срамам. Таа е мој идол. Многу е храбра и сакам еден ден да бидам како неа“, изјави Кендал.
„Тато отсекогаш бил инспирација за мене – од моментот кога освои злато на Олимпските игри, до моментот кога доби дозвола за пилот. Сепак, најинспиративно ми беше кога видов дека го покажува нејзиното вистинско лице“, изјави Кајли.
Кејтлин, пак, вели дека е пресреќна што нејзините деца ја прифатиле, но и дека не би ја направил транзицијата доколку тоа им пречело на Кајли и Кендал:
„Искрено, ако една од нив имаше проблем со тоа, немаше да ја направам транзицијата“.
Кејтлин откри и дека сепак не е многу блиска со другите ќерки на Крис.
„Секако, кога имате 10 деца, имате различен однос со сите. Очигледно, Кендал и Кајли се мои биолошки деца и сум многу блиска со нив. Останатите деца ги гледам одвреме-навреме, но не сме многу блиски. Веројатно најблиска сум со Ким“.
Спирова С. | Црнобело