Ќерката на Мадона повторно позира со небричени пазуви и пирс на папокот, за кампања на Calvin Klein (фото)
- Детали
- четврток, 07 април 2022
Ќерката на Мадона го освојува модниот свет со соработки со врвни брендови, а притоа ги руши стандардите за убавина и гордо позира со неизбричените пазуви кои станаа нејзин заштитен знак.
Ќерката на Мадона е позната по тоа што не следи конвенционални правила за убавина, па неизбричените пазуви станаа нејзин заштитен знак.
25-годишната девојка гордо ги покажа пазувите во нова кампања за Calvin Klein, од која и самата сподели неколку фотки на Инстаграм.
На една црно-бела фотографија Лурдес носи долна облека од познатиот бренд, косата ѝ е пуштена, а во прв план се пирсот на нејзиното папок и влакната под пазувите.
На официјалниот профил на познатиот бренд е објавена и слична фотографија во боја, а Лурдес сподели и видео од кампањата.
Ќерката на Мадона напредува одлично во модниот свет, а покрај соработката со Calvin Klein, неодамна беше дел од кампањата и за Burberry, „рамо до рамо“ со Бела Хадид.
Спирова С. | Црнобело