Малума му помогна на фан да приреди романтично запросување за саканата на концерт во Германија (видео)
- Детали
- петок, 01 април 2022
Колумбискиот пејач му ја отстапи сцената на неговиот фан и потпрен на пијаното гледаше како дечкото (инспириран од филмот Marry Me) ја запросува својата сакана на сцена, која со солзи во очите прифаќа.
Колумбискиот пејач Малума деновиве е на својата европска турнеја, а во Германија одржа повеќе концерти.
Негов фан очигледно бил инспириран од филмот Marry Me во кој глумат Малума и Џеј Ло, па одлучи својата сакана да ја запроси на сцената за време на концертот на нивниот омилен пејач.
https://www.instagram.com/tv/CYcSINihAIG/?utm_source=ig_web_copy_link
Колумбискиот пејач на својот Инстаграм профил сподели видео на кое се гледа како тој му ја отстапил сцената на еден од своите обожаватели за тој да може романтично да ја запроси својата сакана пред сите присутни.
Малума целиот настан го следеше потпрен на пијаното, а откако девојката со солзи во очите го прифати предлогот за брак, тој дојде со микрофонот и гласно ја праша дали прифаќа, за да може целата публика да слушне.
Погледнете го видеото:
https://www.instagram.com/tv/Cbs9DQiDnH6/?utm_source=ig_web_copy_link
Погледнете повеќе фотографии од концертот во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CbtUtmqjU5K/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело