Ким Кардашијан со ѓердан вреден 50.000 долари: „Сакам да бидам правник, за ништо не сум работела понапорно“
- Детали
- недела, 27 март 2022
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан на интернет објави повеќе фотографии со новиот дијамантски ѓердан со нејзиното име, која е рачно изработен и чини околу 50.000 долари. Новиот дечко ѝ посвети тетоважа, а таа се надева дека еден ден ќе биде правник.
Ким Кардашијан (41) објави повеќе фотографии во кои се гледа дека сивиот аутфит го надополнила со скап накит - дијамантски ѓердан со нејзиното име, кој е рачно изработен и чини околу 50.000 долари.
Познатата ѕвезда од реалното шоу Keeping Up With the Kardashians која минатата година и официјално стана милијардерка, во интервју за Vogue Hong Kong рече дека планира еден ден да започне своја правна фирма и да тргне по стапките на нејзиниот татко.
Рече дека никогаш не работела понапорно во нејзиниот живот, како во периодот додека се подготвувала да го помине правниот испит во декември 2021-вата година.
„Навистина требаше да бидам посветена и секоја слободна минута што ја имам да ја посветам на учењето. Навистина ме интересираатт реформите во криминалното право и сакам да бидам адвокат за оние што сметам дека неправедно биле обвинети“ – рече таа.
Само неколку дена по интервјуто Ким објави нова фотографија на која се гледа првата тетоважа што нејзиното ново момче Пит Дејвидсон (28) ѝ ја посвети нејзе.
„Мојата девојка е адвокат“ – пишува на тетоважата што Пит Дејвидсон ја направил под вратот.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело