Ким Кардашијан повторно е мета на шеги за бизарна комбинација – фустан во кој не може да се движи: „Толку е богата, што не ѝ требаат раце“
- Детали
- петок, 25 март 2022
Ким Кардашијан уште еднаш се најде на мета на шеги и критики поради фустан во кој очигледно не може да ги мрдне рацете.
Јавноста редовно се шегува на сметка на Ким Кардашијан поради нејзините комбинации, а изгледа неа воопшто не ѝ пречи дури ни ваквото внимание.
По бизарното издание на Модната недела во Париз каде што се појави излепена со самолеплива трака, Ким одбрала понормален аутфит, но со необичен детаљ.
41-годишната ријалити ѕвезда беше забележана во Њујорк со црн фустан кој сигурно би изгледал добро без детаљот на рацете.
Фустанот е со голи рамена, но горниот дел целосно ѝ ги заробува рацете на Ким.
Таа дури и се обиде да им мавне на папараците, но поради фустанот, едвај ја помрдна раката.
Папарацо фотките од необичното издание на Ким станаа хит на Редит, откако еден форумџија го спореди фустанот со прекривка за повивање бебиња.
Секако, шегите на сметка на фустанот не изостанаа:
„Ми изгледа како вреќа за спиење“.
„Ова е најлошиот фустан што Ким го има облечено“.
„Ким е толку богата што нема потреба да ги користи нејзините раце“.
„Ме интересира дали се протегнува со задоволство откако ќе ја одмотаат? Моето бебе секогаш се протегнува со задоволство откако ќе му ја тргнам прекривката“.
„Изгледа како воопшто да не ѝ е удобно во ваквите комбинации. Кога ја гледам не ни обрнувам внимание на изгледот бидејќи е очигледно дека ѝ е непријатно. Сè што гледам на ваквите фотографии е колку здрвено стои и воопшто не изгледа самоуверено како што сака“.
Фустанот е од познатиот бренд Balenciaga, а бидејќи Ким има ексклузивна соработка со нив, некои се шегуваат дека ја врзале за да не им избега.
Што мислите вие за стајлингот на Ким Кардашијан?
Спирова С. | Црнобело