„Страв ми е дека ќе се скине ако седнам“ – Ким Кардашијан се појави излепена со самолеплива трака на Модната недела во Париз (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 07 март 2022
На ревија на Balenciaga на Модната недела во Париз, Ким Кардашијан се појави со бизарен аутфит – ријалити ѕвездата беше излепена со жолта самолеплива трака на која беше испишано името на истиот бренд, а покажа и фотки и видео од процесот на лепење со помош од 4 асистенти.
Не е ништо ново Ким Кардашијан да изненади со необична модна комбинација, но аутфитот со кој се појави на Модната недела во Париз го засенува дури и нејзиното бизарно издание на Мет галата.
За модната ревија на Balenciaga на Модната недела во Париз, Ким се појави излепена со самолеплива трака на која беше испишано името на брендот.
41-годишната ријалити ѕвезда покажа како изгледале подготовките на Твитер и Инстаграм Стори.
Покрај фотографиите, Ким сподели и видео на кое се гледа како неколку асистенти ѝ ја лепат самолепливата трака.
https://twitter.com/KimKardashian/status/1500679755716255744
Под жолтата трака, Ким носи тесен црн комбинезон и црни чизми.
За да ја дополни комбинацијата, Ким носеше и чанта исто така излепена со жолтата лента.
Пред почетокот на ревијата, од познатиот бренд изјавија дека најпрво планирале да ја откажат, но подоцна одлучиле да ја посветат на Украина.
Поради ова некои ѕвезди, како Салма Хајек, беа облечени во боите на украинското знаме, а на видеото на Ким се гледа дека и нејзините асистенти ги носат истите бои.
Не е познато дали и Ким ја одбрала жолтата трака како поддршка за Украина.
Од комбинацијата на Ким беше воодушевена и модната критичарка Ванеса Фридмен, според која Ким изјавила:
„Страв ми е дека ќе се скине кога ќе седнам. Да оставам да се скине?“
https://twitter.com/VVFriedman/status/1500423475168624642
Спирова С. | Црнобело