Подраснати седи влакна, брчки: Кејт Мидлтон е природна убавица во раскошна тоалета - на кралска должност во Белизе (фото)
- Детали
- вторник, 22 март 2022
Со подраснат корен и природна шминка, Кејт Мидлтон во едно од најелегантните изданија досега на настан во џунгла во Белизе.
Кејт Мидлтон (40) и принцот Вилијам посетија британска воена тренинг база во Белизе. Тренинзите се однесуваат на опстанок во џунглата.
Но, по завршувањето на тој дел, Кејт се облече во раскошна, рoзова, светкава тоалета за церемонијата потоа.
Изгледот го надополни со природна шминка и впечатливи дијамантски обетки.
Војвотката на настанот се појави и со подраснат корен од косата и седи влакна.
Патувањето на парот ќе му трае 8 денови со најразлични активности, од посета на џунглата до истражување на разни археолошки пронаоѓалишта. Се одржува во чест на платиниумскиот јубилеј на кралицата.
Како изгледаше парот во елегантно издание во Белизе:
С. С. | Црнобело