Том Круз не ја видел ќерка му 10 години – денес Сури (15) е порасната девојка и копија на мајка ѝ
- Детали
- недела, 20 март 2022
Сури Круз порасна во вистинска убавица што премногу наликува на нејзината мајка Кејти Холмс. Како денес изгледа единствената биолошка ќерка на Том Круз, што тој ја нема видено околу 10 години?
Сури Круз (15) од своето раѓање во април 2006-та година постојано е во центарот на вниманието, прво заради нејзините славни родители, a потоа поради нивниот скандалозен развод.
Последната заедничка фотографија на холивудскиот актер Том Круз (59) со неговата единствена биолошка ќерка Сури била направена во 2012-та година, а се претпоставува дека актерот воопшто не се сретнал со неа во последните 9 години.
Како главна причина за тоа што Том одбива да ја види својата биолошка ќерка се наведува тоа што на припадниците на скиентолошката црква им се наложува да се дистанцираат од членовите на семејството што одлучиле да ја напуштат религијата, па така кога Кејти Холмс (43) се разведе од Том Круз во 2012-та година, од него се очекуваше тој да ги прекине сите контакти со неа, но и со неговата ќерка.
10 години подоцна, може да забележи дела Сури веќе порасна во преубава млада девојка која го „украла“ најубавото од изгледот на нејзините славни родители.
Таа неодамна беше забележана како се шета низ улиците на Њујорк каде живее со нејзината мајка Кејти Холмс.
На фотографиите направени додека таа го шеташе своето куче Морки низ Њујорк, забележително е дека девојчето што постојано е следено од медиумите застана и со насмевка им позираше на папараци фотографите.
Забележително е дека Сури е вистинска копија на нејзината мајка: од неа ги наследила обликот на носот, па дури и изразот на лицето и фризурата.
Во поглед на стилот Сури едноставно плени со својата скромност. Со зелена јакна, ѕвонести фармерки и Converse патики, Сури не отскокнува во поглед на стилот на голем број други девојчиња на нејзина возраст.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело