„Се пикнав на модна ревија во Лондон облечена во вреќа за ѓубре – никој не забележа дека не сум дел од шоуто“
- Детали
- петок, 11 март 2022
„На најпознатото модно шоу се појавив во вреќа за ѓубре за да покажам дека денес можеш да носиш што сакаш“ - вели оваа девојка од Англија, која непоканета присуствуваше на Модната недела во Лондон и ги излажа сите дека е познат модел.
Во петминутното видео што го сподели на својот YouTube канал блогерката Ели Мари Витби од Англија појаснува дека решила да отиде на модно шоу во Лондон без покана и да се појави облечена во вреќа за ѓубре за да покаже дека „денес можеш да носиш што сакаш и себеси да се наречеш модел“.
Таа сподели две фотографии од својот модел на Инстаграм, па до нив напиша:
„Кога вреќата за ѓубре ненадејно ќе се качи погоре.“
Ели пристигна во Лондон навреме за да присуствува на последниот настан од модната недела.
Користејќи помош од двајца други блогери кои пред неколку години успеале да влезат непоканети на модно шоу преставувајќи се како лажни модели, Ели почнува да го креира сопствениот изглед и план за тоа како да влезе без покана.
Главен проблем, како што раскажува, било тоа што адресата на настанот се чувала во најголема тајност и можело да се влезе само со покана.
Сепак, како што може да се види во видеото, Ели успева да открие каде се одржува модното шоу и влегува облечена во вреќа за ѓубре стилизирана со смачкана лименка од сок и лушпа од банана, без никој да забележи дека не е дел од поканетите или од модното шоу.
Погледнете како изгледало нејзиното искуство во видеото:
Б. С. Б. | Црнобело