Актерката што страда од мултипла склероза, давена од партнерот, издејствува забрана за пристап - тој се шета низ Лос Анџелес
- Детали
- петок, 11 март 2022
Селма Блер, која страда од мултипла склероза и на светски познатите настани доаѓа со бастунче и голем труд, неодамна била нападната и давена од страна на долгогодишниот партнер. Сега, тој е уловен од папарацо фотографите како безгрижно се шета низ Лос Анџелес...
Селма Блер (49) е актерка која отворено говори за соочувањето со болеста мултипла склероза и во едно интервју откри дека првиот симптом ѝ бил во 2018 година.
Нејзиниот поранешен партнер Рон Карлсон, кој таа го обвини за напад и обид за давење, деновиве беше фотографиран за време на прошека во Лос Анџелес.
Актерката успеа да издејствува забрана за пристап за 52-годишниот Рон откако го обвини дека на 22-ри февруари во нивниот дом се обидел да ја задави. Тој ги негираше обвинувањата, но доби привремена забрана за пристап.
Селма обелодени фотографии на кои се гледаат црвени траги и модринки околу грлото и под брадата од нападот на Рон, како што вели.
Фотографиите наводно ги направила нејзината куќна помошничка по нападот. Тие се дел од документацијата со која Блер го обвини Рон по судски пат.
Долгогодишната врска на парот заврши со безмилосниот потег кога Рон сокнал врз неа и почнал да ја дави и да ја тресе агресивно.
Во време на нападот Блер наводно не се чувствувала добро и била под дејство на лекарства поради нејзината болест мултипла склероза.
Тој ја навредувал со погрдни зборови и ја нарекувал „бескорисна и неспособна“. Актерката, која на многу настани ја гледаме со бастунче поради ефектите на болеста од која страда, ова навистина ја повредило.
Блер има 10-годишен син, Рон има 12-годишна ќерка, но парот нема заедничко дете.
Уште неколку нови папарацо фотки од него:
Прочитајте и „Одеднаш изгубив чувство во левата нога“ - Селма Блер за дијагностицирањето на мултипла склероза
С. С. | Црнобело