„Одеднаш изгубив чувство во левата нога“ - Селма Блер за дијагностицирањето на мултипла склероза
- Детали
- петок, 23 април 2021
„Не ми е грижа ако мускулите ми се фатат поради бавен сигнал од мозокот. Само сакам зборовите да излезат од мојата уста на која имам нанесено Шанел сјај“, вели храбрата актерка.
Актерката Селма Блер (48) неодамна во интервју за Town & Country проговори за моментот кога почувствувала дека нешто не е во ред со неа и кога ѝ била дијагностицирана болеста мултипла склероза.
Првиот симптом го почувствувала во февруари 2018 година на модната недела во Њујорк на шоуто на дизајнерот Кристијан Сириано.
Додека Блер чекорела по модната писта почувствувала затапеност во едната нога.
„Бев на модната писта, воодушевена што сум дел од шоуто, кога ненадејно изгубив чувство во левата нога. Но, бев среде писта и мислев ‘што да правам сега?’.
Кога зачекорив не можев да ја чувствувам земјата, ниту да ја подигнам мојата лева нога. Мојот мозок како да се блокираше. Одев по пистата запрепастена од тоа што ми се случува“.
По 6 месеци официјално ѝ била дијагностицирана мултупла склероза, состојба која го напаѓа централниот нервен систем и ја спречува комуникацијата помеѓу мозокот и остатокот од телото. Дури тогаш, таа сфатила дека симптоми всушност имала со години, но секогаш ги припишувала на нешто друго.
По дијагнозата Блер отворено говореше со фановите за нејзината состојба, а на забавата на Vanity Fair по повод Оскарите, таа се појави со бастун.
„Немав стапнато на црвениот килим долго време и знаев дека луѓето внимателно ќе ме набљудуваат по мојата дијагноза. Не знаев ниту дали сум заборавена веќе од сите и ќе бидам последна на црвениот килим“.
Актерката вели дека иако се бори со мултипла склероза важно ѝ е да изгледа добро.
„Не ми е грижа ако мускулите ми се фатат поради бавен сигнал од мозокот. Само сакам зборовите да излезат од мојата уста на која имам нанесено Шанел сјај“.
Блер додава дека се чувствува комфорно во нејзиното тело и дека сега има подлабока позитивна врска со него.
„Фасцинирана сум од ова тело и овој живот“, заклучува таа.
Повеќе фотки од Селма Блер:
https://www.instagram.com/p/CMNsk_LgkDG/
https://www.instagram.com/p/CJzPT59AqyM/
Прочитајте и Бранкица Богдановска: „На 19 години ми дијагностицираа мултипла склероза, но не се откажувам од своите соништа“
С. С. | Црнобело