Том Круз, Џон Траволта, Џорџ Клуни – Кои познати холивудски актери направиле естетски корекции?
- Детали
- сабота, 26 март 2022
Џон Траволта најверојатно во еден период од кариерата направил трансплантација на коса. За Том Круз се знае дека во 30-тите години носел протеза за исправување на забите, а во изминатиот период го критикуваат дека претерал со ботоксот.
Се смета дека за пластичните операции најчесто се одлучуваат жените, но ниту мажите во Холивуд не се имуни на потребата да го поправат сопствениот изглед.
Голем број од актерите што важат за холивудски заводници направиле естетски корекции на изгледот.
Најчесто корекциите ги направиле на почетокот на кариерата, но има и такви што со текот на годините сакале да ги скријат знаците на стареењето.
Во продолжение погледнете кои холивудски актери направиле корекции на изгледот:
Ештон Кучер – Операција за стеснување на носот
Роберт Патинсон – Операција за корекција на носот
Рајан Гослинг – Операција за корекција на носот
Бред Пит – Операција за корекција на ушите
Џорџ Клуни – Поткревање на очните капаци
Џон Траволта – Трансплантација на коса
Б. С. Б. | Црнобело