Провокативната русокоса беше сопруга на ѕвездата на Baywatch, сега е бездомник и е непрепознатлива
- Детали
- петок, 04 март 2022
Пред 7 години го живееше холивудскиот сон, беше модел, се појавуваше на црвениот тепих и водеше блескав живот. Денес, ги пребарува контејнерите во Лос Анџелес.
Лони Вилсон (38) некогаш беше атрактивна русокоса која ги красеше насловните страници како сопруга на ѕвездата на Baywatch, Џереми Џексон, но години наназад е бездомник кој ги пребарува контејнерите во Калифорнија.
Нечиста, босонога и едноставно непрепознатлива таа беше фотографирана деновиве во Лос Анџелес. Со слоеви облека на себе, куса коса и количка натрупана со работи.
Лони стапи во брак со Џереми во 2012 година, но зависноста од дрога ја доведе до тоа да биде бездомник.
Бездомник е наводно од 2016 година, а први фотографии од неа во вакво издание имаше во 2020-та година.
Покрај зависноста од дрога, Лони страда и од ментални проблеми.
Како живее Лони сега:
С. С. | Црнобело