Поранешната сопруга на ѕвездата на Baywatch живее на улица: Тажниот живот на моделот Лони Вилсон
- Детали
- сабота, 16 јануари 2021
Беше актерка и познат модел, но нејзиниот живот тргна по сосема поинаков пат. Лони Вилсон (37) е повторно уловена од папараците како претура низ контејнери на улиците на Калифорнија.
Поранешната сопруга на sвездата на серијата „Чувари на плажата“, Џереми Џексон, и модел кој беше дел од бројни насловни страници, речиси пет години живее и проси на улица. Таа вели дека нема телефон, но има доволно храна и место за спиење.
„Добивам по некоја паричка, а во контејнерите и покрај продавниците има храна во голема количина.“
Таа порано има изјавено дека не се тушира како не би ја силувале на улица.
Поранешниот модел некогаш заработуваше милиони, а потоа падна во замка на пороците.
Покрај психичките проблеми, била и зависник од дрога и алкохол.
Пред пет години доживеала нервен слом по што ја изгубила работата како асистентка во центар за козметички зафати. Тогаш го изгубила и станот и колата и завршила на улица.
Лони беше во брак со актерот Џереми Џексон (Хоби во „Чувари на плажата“) кој во ниту еден момент не се понудил да ѝ помогне во кризните години.
„Не сакам да ме бара никој, ниту да разговарам со моите пријатели. Добро ми е и не сакам помош од никого!“ - изјавила таа.
Е. П. | Црнобело / фото: The Sun