Линда Еванџелиста првпат без шминка и без маска во јавност, по третманите што ѝ го деформираа лицето (фото)
- Детали
- понеделник, 28 февруари 2022
Од 2016-та, Линда Еванџелиста ретко се појавуваше во јавност, а секојпат кога излегуваше од дома го криеше лицето со марами, маски и очила. Но, откако собра храброст да ги покаже последиците од неуспешните третмани за слабеење, Линда се појави и во јавност без да го крие лицето.
По искреното интервју за магазинот People каде што прозборе за неуспешните процедури за подмладување и слабеење, Линда Еванџелиста беше забележана во јавност без маска.
56-годишната Линда која беше еден од најпознатите супермодели подлегнала на неколку третмани кои на крај ѝ ги деформирале лицето и телото.
Во фотосесијата за People, Линда го покажува телото, но реткост е да ја видиме без шминка како на новите папарацо фотки.
Линда беше забележана во Њујорк во лежерно издание, откако објасни дека се повлекла од јавниот живот по третманот за намалување на масните наслаги.
Причината за нејзиното повлекување од јавноста беше тоа што третманот постигнал спротивен ефект, па почнале да ѝ се појавуваат нови масни наслаги за кои моделот вели дека ѝ го деформирале телото.
Бидејќи Линда не била предупредена за можните негативни последици од третманот, вели дека поднела тужба.
Со години моделот избегнуваше да се појавува во јавност и секогаш се криеше со широка облека, очила, шалови или маска.
Некогашната најубава жена откри дека по неуспешната процедура престанала да јаде и не можела да се помири со масните наслаги кои почнале да ѝ се појавуваат на лицето и нозете.
„Некогаш обожавав да сум на модна писта. Сега ми е страв да не сретнам некого што го знам“, изјави моделот.
Линда вели и дека не може да добие никаков ангажман поради неуспешната процедура – уште една причина зошто се одлучила да ја суди клиниката.
Новите папарацо фотки од Линда:
Прочитајте повеќе: Беше најубавата жена на светот, но сe деформираше од операции - Линда Еванџелиста со брутално искрени фотки
Спирова С. | Црнобело