Најмалиот син на Бекамови критикуван – со провокативна фотосесија ја најави музичката кариера: „Има едвај 17 години!“
- Детали
- среда, 23 февруари 2022
Периодов Бекамови се обидуваат да им подарат кариери на нивните деца, па по критиките за Бруклин кој сака да стане готвач, јавноста го осуди и најмалиот син Круз кој се обидува да ја лансира неговата музичка кариера не со нова песна, туку со провокативна фотосесија, која ја нарекуваат несоодветна за негова возраст.
Неполн месец откако Бруклин Бекам беше на мета на критики поради кулинарското шоу, и неговиот помал брат, Круз, се најде во слична ситуација.
17-годишниот син на Дејвид и Викторија Бекам направи фотосесија (што многумина ја опишуваат како „невкусна“) со цел да го означи почетокот на неговата музичка кариера.
Покрај критиките за фотографиите за кои јавноста смета дека не се соодветни за негова возраст, Круз е критикуван и бидејќи нема објавено ниту најавено никакво музичко дело, без разлика што сака да се пробие на музичката сцена.
Слично како неговиот брак Бруклин кој не знае да готви, а има кулинарско шоу во кое гостуваа и врвни готвачи, јавноста смета дека и Круз ги користи славата и богатството на неговите родители за да изгради кариера.
Фотосесијата на Круз ќе биде објавена во магазинот i-D, а на фотографиите младото момче позира само со долна облека.
Покрај розовата коса, најмногу внимание привлекува фактот што Круз е речиси гол на провокативните фотографии. Проблемот е што кога ја направил фотосесијата уште имал 16 години – тој го прослави 17-тиот роденден на 20-ти февруари.
Дел од коментарите:
„Буквално никој не сака да види 17-годишно момче полуголо. Ова е загрижувачко. Неговите родители никогаш не требало да го дозволат ова“.
„Зарем ќе се преправаме дека е нормално тоа што Круз Бекам позира во долна облека на само 16 години? Замислете да стануваше збор за 16-годишно девојче…“
„Зошто е прифатливо Круз Бекам да позира во долна облека и да ги покажува тетоважите кога имал само 16 години кога се направени фотографиите? Тој е само дете“.