Најмалиот син на Бекамови критикуван – со провокативна фотосесија ја најави музичката кариера: „Има едвај 17 години!“
Некои, пак, истакнуваат дека скандалите се она што можат да го направат славен преку ноќ, па тој го искористил ова.
„Круз Бекам од најрана возраст научил дека контроверзијата, лошиот вкус и скандалите ќе го направат популарен. Сето ова е за да се лансира неговата кариера“, гласи еден од коментарите на Твитер.
Во интервјуто за магазинот за којшто се направени фотографиите, Круз открива дека прво сакал да стане фудбалер како татко му, но со текот на времето сфатил дека најмногу се пронаоѓа во музиката.
Тој тврди дека веќе соработувал со музички продуценти, иако нема најавено никаква песна.
„Мислев дека сакам фудбал и краток период се занимавав со тоа. Но, потоа одлучив дека сакам да бидам музичар. Дури научив и да свирам мандолина за песна што ја напишав“.
Дејвид и Викторија Бекам веќе му честитаа на синот со објави и коментари на Инстаграм, а наводно фотографиите биле инспирирани од слична фотосесија на познатиот фудбалер од 2000 година, направена од истиот фотограф што работел и со Круз.
Покрај лошите коментари за фотосесијата, јавноста смета и дека Бекамови не треба да им подаруваат кариери на нивните деца.
„Бекамови ги сакаат нивните деца и сакаат да направат сè за нив, но мораат да им дозволат да се измачат и да учат со текот на времето. Слично како со Бруклин и неговото кулинарско шоу, и Круз ќе биде исмејуван. Можеби ќе добие внимание, но не и почит“, гласи еден коментар.
Прочитајте повеќе: Синот на Бекамови е мета на потсмев - „глуми“ кулинар со парите на мама и тато, твитерџиите со жестоки објави
Што мислите вие за фотосесијата и новата кариера на Круз Бекам?
Спирова С. | Црнобело