Мајкл Бубле и Луисана Лопилато го чекаат 4-тото дете, откако се изборија за животот на најстариот син
- Детали
- вторник, 22 февруари 2022
„Актерка, модел и мајка пред сѐ“ – вели за себеси аргентинската актерка Луисана Лопилато. Таа и нејзиниот сопруг, канадскиот пејач Мајкл Бубле го очекуваат своето четврто дете.
Откако се изборија за животот на најстариот син Ноа кој боледуваше од рак на белите дробови Мајкл Бубле и Луисана Лиопилато споделија среќни вести, тие го очекуваат четвртото дете.
Пејачот со канадско потекло Мајкл Бубле (46) и неговата сопруга Луисана Лопилато (34) која кај нас е позната по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунотвници“ објавија дека повторно ќе станат родители.
Парот ги објави убавите вести во најавата за новиот хит на пејачот насловен I’ll Never Not Love You.
Според најавите, видео спотот за песната е посветен на приказната за тоа како парот се запознал на снимањето на филмот Haven't Met You Yet.
Бубле и Лопилато се запознаа во 2009-та година и стапија во брак во 2011-та година. Тие заедно имаат три деца: Ноа (8), Елиас (6) и Вида (3).
На синот Ноа на 3-годишна возраст му беше дијагностициран рак на црниот дроб, а во 2017-та година, односно една година подоцна парот ги доби среќните вести дека нивното дете е излекувано.
Луисана Лопилато ја помниме по улогата на Миа Колучи во популарната аргентинска ТВ серија „Млади бунтовници“, а денес на нејзиниот Инстаграм профил пишува дека е актерка, модел и пред сѐ мајка.
Најавата за видеото погледнете ја ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело