Први папарацо фотки од бившиот сопруг на Адел по разводот - неуреден и лежерен, додека таа блеска (фото)
- Детали
- петок, 11 февруари 2022
Со израсната брада, избледена маица и тренерки… Поранешниот сопруг на Адел за првпат се појави во јавност по разводот, откако таа му ја посвети нему и на нивниот син Анџело наградата за најдобар албум на BRIT Awards 2022 .
Поранешниот сопруг на Адел (33), Сајмон Конеки (47) за првпат беше забележан во јавност по финализирањето на нивниот развод во март минатата година.
Фотографиите се направени само неколку дена откако неговата поранешна сопруга се појави на доделувањето на наградите BRIT Awards 2022 со огромен дијамантски прстен и ги разгоре гласините дека се верила со нејзиниот сакан Рич Пол.
Таа доби три награди, а наградата за „албум на годината“ ја посвети на поранешниот сопруг и на нивниот 9-годишен син Анџело.
На фотографиите Сајмон беше забележан во опуштено издание со избледена маица и тренерки. Забележително е дека тој го следел примерот на неговата поранешна сопруга, па делумно ослабел.
Инаку, по разводот, Адел започна врска со спортскиот агент Рич Пол, a откако претходно во светските медиуми се појавија информации за наводни недоразбирања и проблеми во врската таа на доделувањето на наградите одлучи да се појави со дијамантски прстен.
Според информациите што беа објавени, поради проблемите во врската со спортскиот агент, пејачката ги откажала настапите во Лас Вегас.
Адел кога го објави најновиот албум „30“ во повеќе наврати отворено говореше за разводот со Сајмон и во повеќе наврати повтори дека песните на овој албум се инспирирани од тој период во нејзиниот живот.
Погледнете повеќе фотографии од Сајмон во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело