„Сурова е, ќе го остави и Хари како првиот сопруг“ - Братот на Меган Маркл стана учесник на реално шоу и удри со критики по неа

Томас Маркл помладиот повторно ја нападна својата сестра Меган Маркл изјавувајќи дека била сурова кон нејзиниот прв сопруг, како и дека најверојатно ќе го остави и Хари.

beshe-surova-so-prviot-soprug-i-go-ostavi-hari-kje-go-snajde-istoto-megan-markl-ostro-kritikuvana-od-nejziniot-brat-01.jpg

Сите многу добро знаат дека Меган Марк не е во најдобар однос со нејзиното семејство, а најновите критики од нејзиниот полубрат уште еднаш го потврдуваат тоа.

Сопругата на принцот Хари редовно добива критики од нејзиниот татко, како и нејзините полубрат и полусестра, кои неретко ја опишуваат како себична и ужасна личност.

Нејзиниот полубрат Томас дури му напиша и писмо на Хари пред кралската венчавка во 2018-та, во кое го молеше принцот да не се венча со Меган.

beshe-surova-so-prviot-soprug-i-go-ostavi-hari-kje-go-snajde-istoto-megan-markl-ostro-kritikuvana-od-nejziniot-brat-03.jpg

Иако минатата година Томас јавно се извини истакнувајќи дека ги напишал лошите зборови бидејќи бил повреден и не се чувствувал добро, сега повторно ја нападна неговата полусестра.

Томас Маркл е дел од реалното шоу Big Brother VIP во Австралија и токму овде ја „оцрни“ Меган опишувајќи ја како многу сурова личност.

beshe-surova-so-prviot-soprug-i-go-ostavi-hari-kje-go-snajde-istoto-megan-markl-ostro-kritikuvana-od-nejziniot-brat-05.jpg

Тој вели дека парите што ги има сега драстично ја промениле.

„Тоа ми е најчудно – што се случи со неа? Никој не може да сфати. Изгледа парите ја променија и славата ѝ удри во глава“.

beshe-surova-so-prviot-soprug-i-go-ostavi-hari-kje-go-snajde-istoto-megan-markl-ostro-kritikuvana-od-nejziniot-brat-02.jpg

55-годишниот Томас откри и детали за првиот брак на Меган со филмскиот продуцент Тревор Енгелсон.

„Тревор се грижеше за неа, ја обожаваше, а таа го повреди и го остави. И тоа многу брзо. Откако се разделија, му го врати прстенот по пошта. Зарем тоа не е сурово?“

beshe-surova-so-prviot-soprug-i-go-ostavi-hari-kje-go-snajde-istoto-megan-markl-ostro-kritikuvana-od-nejziniot-brat-12.jpg

Томас вели и дека не знае како Меган и Хари завршиле заедно, но дека е сигурен дека принцот ќе го снајде истата судбина како првиот сопруг на војвотката.

„Хари е следниот. Пред свадбата тој се смееше на сите фотографии. Сега нема насмевка на ниту една“.

beshe-surova-so-prviot-soprug-i-go-ostavi-hari-kje-go-snajde-istoto-megan-markl-ostro-kritikuvana-od-nejziniot-brat-04.jpg

Томас вели и дека е убеден дека Меган станала дел од кралското семејство само затоа што нејзиниот татко – Томас Маркл (постариот) ѝ помогнал и платил за нејзиното образование.

beshe-surova-so-prviot-soprug-i-go-ostavi-hari-kje-go-snajde-istoto-megan-markl-ostro-kritikuvana-od-nejziniot-brat-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg