Канје Вест ѝ купи чанта на новата девојка од омилениот бренд на Ким - се обидува да ја претвори во неа (фото)
- Детали
- петок, 04 февруари 2022
„Канје го прави со Џулија она што го правеше со Ким - контролира што носи. Сака да биде сигурен дека таа ќе изгледа така како што си ја замислил“, тврдат изворите откако раперот ѝ купи чанта на новата девојка од омилениот бренд на Ким.
Добро познат факт е дека Канје Вест во голема мера беше одговорен за стилот на Ким Кардашијан, а сега очигледно ги одбира комбинациите и за неговата нова девојка Џулија Фокс.
Досега Џулија се има појавено со многу модни комбинации речиси идентични со оние на Ким и јавноста веќе шпекулира дека Канје ѝ кажува што да носи.
Новата девојка на Канје на 2 февруари го прослави 32-иот роденден, повторно со комбинација што би очекувале да ја видиме на Ким. Раперот, пак, ѝ подари Birkin чанта – модел од брендот Hermès за кој Ким неколкупати има изјавено дека ѝ е омилен.
Канје и Џулија го прославија роденденот во ресторан во Њујорк, заедно со неколку пријатели.
Џулија носеше кожени панталони и минијатурен кожен кроп-топ, во комбинација со долг кожен мантил и црни чизми.
И Канје и Џулија беа во одлично расположение, постојанo насмеани и не ги тргаа рацете еден од друг.
Покрај подарокот за Џулија, Канје ги изненадил и сите нејзини пријателки со чанта од познатиот бренд. Не е познато колку точно платил раперот за луксузниот подарок, но според Page Six, најевтините чанти од овој бренд чинат околу 10.000 долари.
Како што напоменавме, по сè изгледа Канје ја тера Џулија да се облекува исто како Ким, а нешто слично потврди и извор за Page Six:
„Канје го прави со Џулија она што го правеше со Ким - контролира што носи. Сака да биде сигурен дека таа ќе изгледа така како што си ја замислил“.
Но, изгледа Џулија црпи инспирација од стилот на Ким уште пред да ја почне врската со Канје и досега многупати се има појавено со речиси идентични комбинации.
Неколку фото-споредби што одлично го прикажуваат ова:
Спирова С. | Црнобело