Девојката со облини од хит-серијата Euphoria која ги руши сите табуа – Барби Ферера нема комплекси (фото)
- Детали
- недела, 24 април 2022
Таа ја освои публиката со улогата на Кет Фернандез во хит-серијата . Барби Ферера (25) доживеа вистинска трансформација во првата сезона на серијата – од несигурна тинејџерка во моќна, силна женска фигура.
И во реалниот живот се чини дека Ферера навистина ги руши сите табуа и нема никакви комплекси околу својот изглед и тежината. Таа jaвно од 2019 година говори за врската со нејзината девојка Ел Пакет.
https://www.instagram.com/p/CMicW5erspl/
https://www.instagram.com/p/CHvqbJ0LijK/
https://www.instagram.com/p/CVHDsF8JBUI/
На 14-годишна возраст, таа веќе работела како модел за American Apparel, а денес е дел од кампањите на Adidas, ASOS, Givenchy, Miaou и многу други познати брендови.
https://www.instagram.com/p/COmEjE4LeOY/
https://www.instagram.com/p/CMicW5erspl/
Покрај тоа што Барби работи како актерка и модел, таа има уште една силна креативна страна.
Таа се потпишува како режисер на спотот за песната So cool од пејачката Dounia, а целата естетика на видеото била инспирирана од референци што Барби ги сака многу, како облека и шминка од 90-тите, вибрациите на филмот The Craft, кожни чокери и малку хорор елементи.
Ферера истакнува дека пие само јако бразилско кафе со млеко, а не е никаква тајна дека таа е ќерка на бразилски готвач, па пораснала јадејќи автентични, домашни рецепти од земјата.
https://www.instagram.com/p/B06nlJehBUy/
Што се однесува на нејзиното тело, таа не се објаснува премногу за своите облини. Изгледа се прифатила и се сака токму онаква каква што е.
https://www.instagram.com/p/CYxOqYTPJNU/
https://www.instagram.com/p/CWEadEKhe-6/
https://www.instagram.com/p/CV9Mw62JSyz/
(О)Милена | Црнобело