Кортни Кардашијан без Фотошоп ги покажа стомачето и целулитот + што знаеме за нејзината венчавка? (фото)
- Детали
- петок, 28 јануари 2022
Секогаш ја гледаме Кортни Кардашијан во беспрекорно издание, но најновите папарацо фотки покажуваат дека и таа има стомаче и целулит како секоја жена. Сепак, Кортни изгледа одлично и во природно издание.
Како и останатите сестри од кланот Кардашијан-Џенер, навикнати сме да ја гледаме и Кортни само во издание.
Но, од најновите папарацо фотки се гледа дека и Кортни е како секоја жена, со мало стомаче и малку целулит, а тесните мини фустани и неа не ѝ стојат беспрекорно.
Иако Кортни дефинитивно изгледа одлично, сепак е реткост да ја видиме без филтри и Фотошоп.
42-годишната ријалити ѕвезда позираше за фотосесија со неколку провокативни комбинации.
Кортни носеше тесен проѕирен црн фустан со детаљ што наликува на сребрен пирс на брадавицата.
Ријалити ѕвездата се појави и со мрежести хулахопки, како и со долг бел фустан, а за време на паузата носеше бела бањарка.
Не е познато за што е фотосесијата, но постојат претпоставки дека можеби ќе биде за најава на новото ријалити шоу на нејзиното семејство.
Не знаеме ништо ни за новото шоу, но се очекува да биде прикажан моментот кога Тревис Баркер ја запроси Кортни.
Кортни и Тревис се подготвуваат за венчавката и иако според објавите изгледаат пресреќно, близок извор до парот тврди дека таа е гневна на нејзиното семејство кое се обидува да ја заесени нејзината венчавка.
„За неа, венчавката е најважното нешто и смета дека барем еднаш треба таа да биде во центарот на вниманието. Но, како и вообичаено, драмите на сите ја засенуваат.
Планирањето на венчавката требаше да биде дел од нивното ново шоу, но сега се фокусираат на приказната на Ким“, вели изворот за The Sun.
Според изворот, венчавката ќе се одржи оваа пролет, а Кортни смета дека новото момче на Ким Кардашијан, како и скандалите со Клои и Тристан Томпсон го одвлекуваат вниманието од неа.
„Ова е кошмар за Кортни – сака барем еднаш таа да биде во центарот на вниманието. Чекаше толку долго за да се венча и сака денот да биде посебен. Моментално, се чини дека никој од семејството не е заинтересиран за нејзините планови за венчавката“, додава изворот.
Спирова С. | Црнобело