Бикини фотката со задникот во фокус што Ким Кардашијан не сака да ја видите – ја избриша по критиките за лош Фотошоп
- Детали
- четврток, 27 јануари 2022
По големиот број коментари дека користела Фотошоп за да ја обработи својата фотографија во бикини, Ким Кардашијан во целост ја избриша од нејзиниот профил, но не успеа да го спречи нејзиното ширење на социјалните мрежи.
Во минатото, нејзината сестра Клои Кардашијан често беше мета на негативни коментари и критики, а сега и Ким (41) се најде на удар и е обвинета дека ги обработува фотографиите пред да ги објави на Инстаграм.
Ким која минатата година беше прогласена за модна икона од страна на магазинот „People“, оваа 2022-ра година ја започна со објавување бикини фотографии во кои самата ги носи сопствените модели од нејзиниот бренд Skims.
Но, во еден од серијалите фотографии, наместо да ги видат новите модели, нејзините следбеници многу повеќе се сконцентрираа на тоа колку нејзините нозе се неприродни и обработени.
На една од фотографиите, ногата на Ким под коленото изгледа неприродно тенка и тоа беше причина таа да добие голем број критики на социјалните мрежи.
„Ким што ти се случи со ногата?“, „Ногата ти изгледа смешно на последната фотографија, девојко.“ – беа некои од коментарите.
Иако Ким веднаш ја тргна споменатата фотографија од постот што го објави на нејзиниот профил на Инстаграм, сепак не беше доволно брза, па фотката сега е објавена во поголем број од светските медиуми.
Погледнете ги во продолжение останатите фотки по бикини:
Прочитајте и Ким со шест прсти, избришаната фотка на Кајли – најпопуларните Фотошоп грешки на Кардашијанс
Б. С. Б. | Црнобело