Памела Андерсон се разведува и од 5-иот сопруг, кој ја остави партнерката и трите деца за да се ожени со неа

„Беше добар за да смени сијалица по дома, ама не можеше да ги задоволи другите потреби“ – велат извори блиски до Памела Андерсон, откако медиумите објавија дека по една година брак, актерката се разведува по петти пат.

pamela-anderson-se-razveduva-i-od-5-iot-soprug-koj-ja-ostavi-partnerkata-i-trite-deca-za-da-se-ozheni-so-nea-01-01.jpg

Откако претходно велеше дека конечно го нашла „вистинскиот“ актерката Памела Андерсон (54) се разведува по петти пат.

pamela-anderson-se-razveduva-i-od-5-iot-soprug-koj-ja-ostavi-partnerkata-i-trite-deca-za-da-se-ozheni-so-nea-02.jpeg

Таа стави крај на бракот со нејзиниот телохранител Ден Хејхарст, за кого се верува дека е околу 10 години помлад од неа, а со кого таа стапи во брак на Божиќ во 2020-тата година.

Актерката која се прослави со улогата во серијата „Чувари на плажата“ поднесе документи за развод во Канада, каде што живееше заедно со Ден.

pamela-anderson-se-razveduva-i-od-5-iot-soprug-koj-ja-ostavi-partnerkata-i-trite-deca-za-da-se-ozheni-so-nea-03.jpg

Слично како и претходните врски на актерката и оваа последната беше проследена со драма.

Непосредно по венчавката поранешната партнерка на Ден, Кери, излезе со обвинувања дека Памела им го растурила семејството:

„Сакав јавно да проговорам затоа што сакам луѓето да знаат дека мојата речиси петгодишна врска, во која добивме три деца, заврши затоа што Пам и Ден почнаа афера додека тој сè уште беше со мене.

pamela-anderson-se-razveduva-i-od-5-iot-soprug-koj-ja-ostavi-partnerkata-i-trite-deca-za-da-se-ozheni-so-nea-04.jpg

Тажно е што луѓето ги слават и им честитаат, кога тие ја почнаа врската со измама, лаги и ги повредија луѓето околу нив“ – рече тогаш поранешната партнерка на Ден.

pamela-anderson-se-razveduva-i-od-5-iot-soprug-koj-ja-ostavi-partnerkata-i-trite-deca-za-da-se-ozheni-so-nea-05.jpg

По ваквите нејзини изјави Памела и Ден дадоа изјава од нивниот кревет:

„Ова е волшебно место за живот. Тој работеше овде и јас останав тука за време на пандемијата и останавме заглавени заедно и сè уште сме заглавени заедно.

Тој е таков човек каков што најверојатно ќе сретнев ако останев дома и не шетав низ светот. Мислам си дојдов дома целосна.

Убаво е да бидеш со вистински маж што знае да смени сијалица по дома“ – изјави тогаш Памела.

pamela-anderson-se-razveduva-i-od-5-iot-soprug-koj-ja-ostavi-partnerkata-i-trite-deca-za-da-se-ozheni-so-nea-06.jpg

Сега, една година подоцна, нештата очигледно не се исти како на почетокот на нивната врска, па светските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до актерката пишуваат дека парот се разведува затоа што Ден бил мошне „нељубезен“, не ја поддржувал и бил „кретен“.

pamela-anderson-se-razveduva-i-od-5-iot-soprug-koj-ja-ostavi-partnerkata-i-trite-deca-za-da-se-ozheni-so-nea-07.jpg

Ден и Памела во моментов не се во пријателски односи, а во последен период наводно доста се расправале, што ја натерало актерката да поднесе документи за развод.

„Таа рече дека е добро да се биде со нормален маж што знае да смени сијалица, но на крај, иако тоа беше добро, тој не можеше да ги исполни нејзините други потреби“ – велат изворите за Page Six.

pamela-anderson-se-razveduva-i-od-5-iot-soprug-koj-ja-ostavi-partnerkata-i-trite-deca-za-da-se-ozheni-so-nea-08.jpg

Андерсон претходно беше во брак со тапанарот Томи Ли, со кого објави и секс-снимка, и со кого има два сина (Брендон 25 и Дилан 24), потоа со рокерот Кид Рок (2006), со продуцентот Рик Салмов (двапати во 2007 и 2014).

Во 2020-та година се омажи за Јон Петерс и со него се разведе само по 12 дена.

pamela-anderson-se-razveduva-i-od-5-iot-soprug-koj-ja-ostavi-partnerkata-i-trite-deca-za-da-se-ozheni-so-nea-09.jpg

Прочитајте и Токсичната врска на Памела Андерсон и Томи Ли овековечена во серија – се венчале по 4 дена познанство

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg