Токсичната врска на Памела Андерсон и Томи Ли овековечена во серија – се венчале по 4 дена познанство
Pam&Tommy е новата ТВ серија во продукција на Хулу чија премиера светот ќе ја види на 2 февруари, 2022. Серијата која ќе има 8 епизоди ги прикажува настаните со кражбата на познатиот „домашен“ филм за возрасни помеѓу Памела Андерсон и тапанарот на метал бендот Mötley Crüe, Томи Ли.
Улогата на Памела Андерсон ја толкува британската актерка Лили Џејмс, додека Томи Ли го игра актерот Себастијан Стен.
Двајцата целосно се трансформираа за потребите на серијата, а првите реакции на фановите се одлични.
Трејлерот покажува што се случило откако видеото било украдено од домот на славната двојка, што предизвикало невидена сензација во 1997 година. Ранд Готје, човекот кој ја украл и продал нивната снимка, го глуми комичарот Сет Роген.
И покрај тужбата на Памела и Томи со цел да се спречи размножувате на снимката, таа била одбиена. 20 години подоцна, Памела признава дека „сè уште ја нема изгледано секс снимката“.
Но, како се одвивала оваа токсична врска помеѓу Пами и Томи?
1994
Двојката се запознала во Sanctuary, познат холивудски клуб за време на новогодишна забава.
1995 година
Шест недели откако се запознале, парот го имал нивниот прв состанок на којшто отпатувале во Канкун. Четири дена по бегството тие се венчале, тетовирајќи си ги имињата на прстите.
1995 година
Андерсон се преселила во домот на Ли, кој го реновирал откога се вратиле од Мексико. Електричарот кој работел во домот и бил отпуштен од страна на Томи ја украл секс снимка на парот, подоцна правејќи копии од лентата, уништувајќи го оригиналот.
1996 година
Брендон Томас, првото дете на парот, е родено во јуни 1996 година.
1997 година
Само 18 месеци подоцна, двојката го добила синот Дилан Џегер.
1998 година
По жестока расправија во нивниот дом, Ли бил уапсен, а Андерсон поднела барање за развод. Музичарот се изјаснил дека не го оспорува кривично дело и бил осуден на шест месеци затвор.
2001 година
Кога Томи бил ослободен од затвор, двојката на кратко се обединила, но на крајот се откажале од заедницата.
2008 година
Во интервју за Ролинг Стоун Томи изјавил дека тој и Памела ѝ дале нова шанса на врската.
„Памела и децата се преселија кај мене. Тоа е прекрасно, човеку. Дефинитивно функционира. Може да се забележи и на лицата на децата – тие се среќни кога сме заедно“.
Сепак, смирувањето не траело долго, па парот повторно се раздели во 2010 година.
2015 година
Додека милиони луѓе ја гледале нејзината озлогласена секс снимка, Андерсон откри дека „никогаш не ја видела“ за време на снимањето со Енди Коен.
„Не заработив ниту еден долар. Тоа беше украдена сопственост. Направивме договор да ги запреме сите глупости“.
(О)Милена | Црнобело