Згодната Кендал со бикини на снег, Ким во провокативно издание на Бахамите – сестрите ги покажаа совршените тела (фото)
- Детали
- петок, 21 јануари 2022
Додека Кајли Џенер е во Аспен од каде што сподели фотки во снегот носејќи само бикини, сестра ѝ Ким ужива на Бахамите со новото момче и го покажа телото со облини во син костим за капење.
Кендал Џенер периодов е на скијање во Аспен и изгледа воопшто не ѝ пречат ниските температури.
26-годишниот модел сподели фотки на кои позира во снегот речиси гола.
Кендал го покажа совршеното тело носејќи само минијатурни бикини и големи крзнени чизми. Во описот, таа напиша: „Вим Хоф рече ледени бањи“.
Наводно, описот се однесува на Вим Хоф – Холанѓанец познат по неговата способност да издржи без облека на многу ниски температури. Според него, изложувањето на екстремен студ носи многу здравствени придобивки.
Па, веројатно Кендал го тестира неговиот метод.
Кендал сподели и фотка на која носи соодветна опрема, заедно со видео на кое покажува дека многу добро се снаоѓа на сноуборд.
Во меѓувреме, нејзината сестра Ким Кардашијан ужива на потопла дестинација – Бахамите – со нејзиното ново момче Пит Дејвидсон.
И Ким го покажа обликуваното тело во син дводелен костим за капење. Наводно, ријалити ѕвездата правела фотосесија за новата колекција костими за капење од нејзиниот бренд.
Додека Ким позира, костимот одлично ги истакнува облините по коишто е препознатлива.
Спирова С. | Црнобело