61-годишен Холанѓанец без проблем може да седи во буре со мраз подолго од еден час

Тој почнал со своите „ледени авантури“ од 17-годишна возраст, кога шетајќи низ парк во Амстердам добил нагон да скокне во едно од езерцата.

61-godishen-chovek-bez-problem-mozhe-da-sedi-vo-bure-so-mraz-podolgo-od-eden-chas-01.jpg

Вим Хоф (61) е екстремен холандски атлетичар, познат е како Ледениот човек (The Iceman), има 6 деца и низа светски рекорди зад себе. Многумина сметаат дека тој е чудо на природата.

Со помош на медитација и правилно дишење, како и неверојатна моќ на умот успева да издржи гол во екстремно студени временски услови, па дури и во буре полно со мраз.

61-godishen-chovek-bez-problem-mozhe-da-sedi-vo-bure-so-mraz-podolgo-od-eden-chas-02.jpg

Хоф постојано ги промовира придобивките од неговиот начин на живот, каде постојано го предизвикува своето тело на издржливост во услови со екстремно ниски температури, и вели дека со тоа се подобрува имунитетот, сонот, мигрените, како и дека се лачат повеќе хормони на среќа. „Шокот од студенилото делува терапевтски“, порачува Хоф.

Тој почнал со своите „ледени авантури“ од 17-годишна возраст, кога шетајќи низ парк во Амстердам добил нагон да скокне во едно од езерцата.

Многу години ова му било само хоби, но по еден трагичен настан во животот одлучил на сите да им ја промовира својата филозофија дека студенилото има моќ на лечење.

Денес Хоф има 61 година со низа светски рекорди зад себе, како седење во када со мраз 1 час и 53 минути и качување на Монт Еверест во шорцеви.

61-godishen-chovek-bez-problem-mozhe-da-sedi-vo-bure-so-mraz-podolgo-od-eden-chas-03.jpg

Во текот на годините тој има издадено неколку книги, од кои некои станаат бестеселери на Њујорк Тајмс.

Многу познати личности, како Расел Бренд, му се обожаватели и велат дека неговите совети го менуваат животот.

Хоф вели дека процесот на адаптација на своето тело на ниски температури треба прво да го започнете со студени тушеви, кои за вас ќе направат чуда. Тврди дека наскоро ќе станете зависни од нив поради тоа колку енергија ќе ви дадат и ќе поттикнат лачење на хормони кои ќе направи да се чувствувате добро.

Тој снима и видеа во кои презентира техники на правилно дишење и вели дека неговите совети ќе им послужат на сите кои се соочуваат со анксиозност и депресија за време на пандемијата.

Фотки од Ледениот човек:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
„Златни“ правила за удобно летање со авион, според стјуардеси Ако ве болат ушите, купете тампони за уши и не ставајте вредни работи, како лапт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg