Бремената девојка на Роналдо во ретко неуредно издание – без грам шминка, по чорапи и влечки
- Детали
- понеделник, 10 јануари 2022
За неа може да се каже дека и без грам шминка изгледа совршено. Дури и кога е во опуштено издание, со влечки и со чорапи, таа успева да го привлече вниманието. Се чини дека има вистина во тврдењата дека бремените жени блескаат со посебен сјај.
Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез (27) беше уловена од папараци во моментот кога излегуваше од кафуле.
Познатата моделка што сме навикнати да ја гледаме во целост средена и дотерана, беше фотографирана во капут и розови влечки со бели чорапи, а на лицето нема грам шминка.
Ова е вистинска реткост Џорџина да ја видиме со несредена коса, во неуреден стајлинг и без шминка.
Вообичаено дури и кога објавува фотографии и видеа во домашна атмосфера со нејзиниот партнер и децата што ги дели со него, Џорџина е секогаш средена, но дури и сега, во природно и опуштено издание, таа блеска со труднички сјај.
Како што најави и самата на нејзиниот Инстаграм профил, документарниот филм на Netflix насловен Soy Georgina ќе биде прикажан на 27-ми јануари годинава, a јавноста ќе има можност да ја види нејзината приказна како од бејбиситерка во Бристол денес станала партнерка на еден од најплатените светски фудбалери и манекенка.
Џорџина во моментов е бремена со близнаци, а неодамна таа и Роналдо открија дека очекуваат момче и девојче.
Инаку, ова е втора бременост на познатата манекенка, таа и Кристијано заедно ја имаат ќерката Алана, а таа се грижи и за трите други деца на фудбалерот – близнаци што тој ги доби од сурогат мајка и синче чијашто мајка е непозната за јавноста.
Прочитајте и Татко ѝ бил во затвор за продажба на дрога, работела како дадилка во Лондон: Факти за Џорџина Родригез
Б. С. Б. | Црнобело