Плус-сајз моделот Ешли Греам го покажа трудничкиот стомак со стрии - носи близнаци, ѝ поминал терминот за породување
- Детали
- понеделник, 03 јануари 2022
„Бебињата не се раѓаат на терминот, туку на нивниот роденден“ – порача Ешли Греам до фотографиите на кои се гледа нејзиниот труднички стомак. Ешли во моментов е во 40-тата недела од бременоста со близнаци.
Плус сајз моделот Ешли Греам (34) што вообичаено ги руши табуата за совршеното женско тело во моментов е бремена со близнаци, а на Инстаграм објави фотографии на кои покажа како ѝ изгледа стомакот во 40-тата недела од бременоста.
„Денес ми е терминот (40 недели). Термините за породување се само предлози, бебињата доаѓаат на нивниот роденден“ – напиша таа до фотографиите.
Ешли деновиве го очекува раѓањето на нејзините близнаци, точно две години откако таа и нејзиниот сопруг Џастин Ирвин го добија синот Ајзак Менелик Џовани во јануари 2020-тата година.
Греам која и во минатото често објавуваше фотографии со кои ги руши табуата за совршеноста на женското тело па објавуваше фотографии со целулит и стрии, овојпат во целост ја документираше својата втора бременост на социјалните мрежи.
Ешли претходно објави фотографии на Инстаграм на кои позираше гола, а на нејзиниот стомак имаше цртеж од бебињата во нејзината утроба.
Освен таа фотографија, Ешли исто така ги покажа и стриите на стомакот, а до фотографијата напиша:
„Џастин вели дека стриите ми изгледаат како дрвото на животот“.
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело