Џастин Тимберлејк упорно ѝ се јавувал на Џесика Бил: Како славните личности ги освоиле нивните партнери?
- Детали
- недела, 24 април 2022
Кога првпат ја сретнал сопругата Кетрин Зита-Џонс, Мајкл Даглас самоуверено ѝ рекол дека тој ќе биде таткото на нејзините деца. И, предвидувањето му се исполнило.
Јавноста речиси веднаш дознава кога некоја славна личност почнува романтична врска, но обично не ги дознаваме деталите за тоа како се родила љубовта меѓу нив.
Сепак, некои познати личности имаат откриено како ги освоиле нивните партнери, а дел од нивните приказни се навистина забавни.
Како познатите личности ги освоиле нивните партнери?
Џорџ Клуни ја поканил сопругата Амал на вечера
Џорџ Клуни откри како успеал да ја освои сопругата Амал во интервју со Хауард Стерн.
Џорџ и Амал се запознале преку заеднички пријател додека биле во Италија, а по првата средба, неколку месеци останале во контакт.
Актерот бил сигурен дека сака да ја освои, па по некое време ја поканил на снимање на филмска музика во студио во Лондон. Штом сфатил дека и таа флертува со него, решил да ја покани на вечера откако ќе заврши снимањето.
„Излеговме на вечера и… речиси веднаш се претвори во романтична. Мислам дека беше јасно уште на почетокот. Знаев дека е заинтересирана за мене и мислам дека сме заедно од тој момент.
Џими Фелон ја поканил сопругата на состанок на третата средба
Познатиот водител откри дека со сопругата Ненси се запознале додека тој беше дел од SNL. Тогаш Ненси го посетила сетот на SNL со актерката Дру Баримор.
По извесно време, Џими и Ненси повторно се сретнале, овојпат на друг сет, каде што и соработувале. Според водителот, соработката им одела одлично па кога се виделе третпат, тој одлучил да ја покани на состанок.
„Ѝ кажав дека ми недостасува и дека сакам да минувам повеќе време со неа“.
Набрзо потоа тие ја почнале врската, се венчаа во 2007 година и денес имаат и две деца.
Вил Смит и Џејда најпрво биле пријатели
Вил Смит и Џејда се запознале на аудиција – Џејда се пријавила за улога во хит-серијата The Fresh Prince of Bel-Air.
Тогаш не се случило ништо, но кога се сретнале повторно, две години подоцна, помеѓу нив почнале да се раѓаат чувства.
„Го знаев извесно време, па една вечер излеговме на вечера со неколку пријатели. Тогаш видов дека од дете, Вил се претворил во одговорен маж. Почнавме да флертуваме и пријателството брзо прерасна во љубов“.
Вил и Џејда се во брак 24 години и имаат две деца.
Џон Красински бил убеден дека нема да ѝ се допадне на Емили Блант
На првиот состанок, Џон ја однел колешката Емили на стрелиште. Наводно, го избрал ова необично место бидејќи бил убеден дека нема да ја освои Емили што и да направи, па решил да ризикува.
„Бев сигурен дека никогаш нема да бидам со неа. Но, си реков дека сепак ќе се обидам“.
И покрај несигурноста, актерот ја освоил Емили, па сега се во брак повеќе од една деценија. Тие имаат и две ќерки.
Џастин Тимберлејк ја освоил Џесика Бил на старомоден начин
Џастин и сопругата Џесика се запознал во 2012 година и пејачот речиси веднаш почнал да се распрашува за неа.
Тој откри дека прашал нивен заеднички пријател за дали да ја покани на состанок и иако на почетокот актерката се противела, на крај попуштила и се согласила.
„Бев старомоден – ѝ се јавував на телефон. Ова е нешто што го научив од очувот и дедо ми – кавалерството не треба да умре со интернетот. Сепак, морав да бидам упорен за да рече да. На крај се согласи“.
Џастин и Џесика се венчаа во 2012 година и имаат две деца.
Џо Манганиело ја освоил Софија Вергара со негова насловна страница
Во 2018 година Џо откри дека веднаш бил сигурен дека ќе се венча со Софија.
„Знаев уште веднаш. Таа беше во Њу Орлеанс каде што снимаше филм, јас бев на турнеја, па постојано летав со авион само за да ја видам“.
Тогаш Софија не била подготвена за нешто сериозно бидејќи само што раскинала долга врска. Но, актерот ја освоил на навистина забавен начин.
Тој период актерот беше прогласен за најсекси ерген од страна на People, па кога Софија се двоумела дали да излезе со него, тој само ѝ го покажал магазинот и насловната страница со него.
Актерката се насмеала и прифатила да одат на состанок, а оттогаш се неразделни.
И Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс биле само пријатели на почетокот
Блејк и Рајан се запознале на сетот на Green Lantern и долго време биле само пријатели. Всушност, тие биле и на двоен состанок додека се гледале со други луѓе.
„Околу една година по премиерата на филмот, и двајцата бевме сингл па отидовме на двоен состанок. Таа беше со некое момче, а јас со некоја девојка и за нив тоа дефинитивно беше најнепријатниот состанок, бидејќи помеѓу мене и Блејк имаше огномети“, открива актерот.
На Блејк, пак, навистина ѝ се допаѓа што најпрво биле пријатели.
„Долго време бевме многу добри пријатели. Потоа само помисливме дека можеме да бидеме и пар. Она што го ценам најмногу кај нашата врска е тоа што Рајан најпрво ми беше пријател“.
Мајкл Даглас настапил со огромна самодоверба кога ја освојувал Кетрин Зита-Џонс
Во 2019 година, познатиот актер откри дека настапил мошне самоуверено кога пробувал да ја освои сопругата Кетрин.
„Само ја погледнав и ѝ реков ’Кетрин, јас ќе бидам таткото на твоите деца‘. Ова беше кога првпат ја сретнав! Мислите дека претерав?“
Предвидувањата на Мајкл се покажале како точни, па сега тој и Кетрин имаат две деца.
Спирова С. | Црнобело