Се запознале кога таа имала 19 години, а тој 49, ја викаат „божица на природната убавина“: Љубовта на Тина Кунаки и Винсент Касел
- Детали
- среда, 29 декември 2021
Винсент има и две ќерки од бракот со Моника Белучи и тоа на 16 и 10-годишна возраст. Покрај себе секогаш ги имал најубавите жени на светот.
Францускиот актер Винсент Касел (55) беше 14 години во брак со симболот на убавина – единствената Моника Белучи, а по неа како своја сопатничка ја избра 30 години помладата Тина Кунаки.
Тие беа фотографирани како се релаксираат деновиве на плажа во Бразил. Тина се сончаше во Рио де Жанеиро, додека Винсент веслаше на даска во океанот.
Францускиот модел отсекогаш бил симбол за природна убавина, а фотографиите од неа од плажа се доказ за тоа. Со извајаното тело во бикините со дезен со точки, таа изгледа одлично без грам шминка на себе.
Парот има 2-годишна ќерка, ја добија во април 2019 година, по помалку од една година од нивната бајковита венчавка во Франција.
https://www.instagram.com/p/CS97-mtqjPa/
Винсент има и две ќерки од бракот со Моника Белучи и тоа на 16 и 10-годишна возраст.
Парот за првпат беше поврзан кога Тина имаше само 19 години.
С. С. | Црнобело