Бившата девојка на „Ѕверката“ со обвиненија за насилство: „Ме претепа и се закануваше дека ќе ме убие“
- Детали
- среда, 22 декември 2021
„Ме удираше во градите и во ребрата. Ми се јавуваше и по 25 пати дневно и ми се закануваше дека ќе ме убие“ – тврдеше поранешната девојка на Крис Нот, Беверли Џонсон во 90-тите години. Нејзиното сведоштво исплива откако претходно две жени го обвинија за силување.
Откако две девојки го обвинија Крис Нот (69) кој е познат по улогата на „Ѕверката“ во серијата Sex and the City за силување, во медиумите повторно се појавија старите написи од 1995-тата година во кои неговата поранешна девојка Беверли Џонсон (68) тврдеше дека актерот ја претепал и ѝ се заканувал.
Во тој период не биле покренати обвиненија против актерот кој тогаш беше актуелен со улогата во хит-серијата Law And Order, а две години подоцна ја доби и улогата во Sex And The City што му донесе уште поголема слава.
Во 1995-та година The National Enquirer ја објави сторијата на Џонсон, во која таа тврдеше дека Нот бил насилен за време на нивната врска која траела од 1990-та до 1995-та година.
„Крис Нот ме удираше во градите и во ребрата, ми нанесе повреди, поради што ми беше тешко да дишам. Ме удираше и ми направи модринки на лицето и на телото поради што мораше да ми биде укажана лекарска помош.
Ми се јавуваше и по 25 пати дневно и ми се закануваше дека ќе ме убие и ќе ми го уништи лицето. Се закануваше дека ќе ми го убие кучето“ – тврдеше тогаш Џонсон.
Според написот во весникот, Нот бил насилен затоа што бил мошне љубоморен, па кога Беверли ќе разговарала се друг маж, тој ја обвинувал дека флертувала.
Во 1995-та година, судот донел одлука со која било решено да се стави „заедничка“ забрана за пристапување, со која ниту Беверли не смеела да му се приближи на Нот, ниту пак тој смеел да ѝ се приближи.
Освен тоа што дале согласност за тоа дека ќе се држат подалеку еден од друг и нема да контактираат, тие исто така се согласиле дека нема да даваат навредливи и понижувачки изјави еден против друг.
Сега, по обвинувањата за силување, обвиненијата на Беверли Џонсон од 90-тите масовно се споделуваат и на социјалните мрежи, а на Твитер постојано се поставува прашањето зошто нејзините тврдења трогаш биле игнорирани.
https://twitter.com/dumielauxepices/status/1472543672138878977
Why did Hollywood ignore #BeverlyJohnson? Shameful! #ShareLove #ChrisNoth #BelieveWomen https://t.co/BegE69nfdU
— ErikToddDellums (@ErikToddDellums) December 17, 2021
Former Supermodel Beverly Johnson Accused Christopher Noth of Beating Her https://t.co/oL3OLxKmAJ #ChrisNoth #BeverlyJohnson pic.twitter.com/8wCLAAubvT
— Lipstick Alley (@lipstickalley) December 17, 2021
.@thetalentguru #AndJustLikeThat #SATC
— Save TCM 🎦 📺📚🩸🤒 ♿️ Talent Scout on Sabbatical (@thetalentguru) December 21, 2021
"#ChrisNoth's ex-girlfriend ex supermodel #BeverlyJohnson article resurfaced on social media & dusted off 1995 court documents in which Johnson alleged that Noth “beat her” & made physical abuse and death threats. They dated from 1990-95." https://t.co/j2eJYh4XLt pic.twitter.com/2dulHIRSqF
https://twitter.com/TheMarchIssue/status/1473123025193095171
Инаку, Беверли Џонсон во 2014-тата година беше една од многуте жени што поднесоа обвиненија и против комичарот Бил Козби. Таа тврдеше дека тој ја дрогирал во неговиот дом во Њујорк.
Б. С. Б. | Црнобело