„Задникот ѝ изгледа поинаку“ – Дали и Ким Кардашијан ги извадила филерите од задникот?
- Детали
- недела, 26 декември 2021
За разлика од нејзината сестра Клои која често е мета на критики поради прекумерното користење Фотошоп, Ким Крадашијан годинава беше прогласена за модна икона, но се забележува една промена кај неа. Фановите се убедени дека задникот ѝ изгледа поинаку.
Ким Кардашијан (41) стана славна благодарение на реалното шоу на нејзиното семејство Keeping Up With The Kardashians, а речиси сите ѝ завидуваа на облините и на заоблениот задник.
Сепак откако летово објави повеќе фотографии на кои се прегрнува со синот Псалм (2), се појавија гласините дека Ким наводно ги извадила филерите од задникот.
„Да не ти се смали задникот?“, „Задникот ѝ изгледа сосема поинаку“, „Што ти се случи со задникот“ – беа дел од коментарите до сега веќе избришаните фотографии, пренесува Sun.
Ким досега не признава дека имала какви било естетски корекции, а велеше дека заоблениот задник е резултат на премногу вежбање.
Сепак, драстичната трансформација на задникот ги натера фановите да се запрашаат колку има вистина во овие тврдења на Ким, и дали можеби и таа слично како сестра ѝ Клои направила некои промени, па ги извадила имплантите од задникот.
Погледнете како се менуваше фигурата на Ким низ годините:
2006
2009
2012
2016
2018
2021
Б. С. Б. | Црнобело