„Ништо не го спасува нашиот брак, заслужувам нов живот“ – Ким го игнорира Канје, сака да се ослободи од презимето Вест
- Детали
- среда, 15 декември 2021
Додека Канје Вест јавно ѝ се извинува на Ким и ја моли да му се врати, таа не само што го игнорира, туку поднесе и барање до судот да ја прогласи за сингл, но и да го тргне презимето Вест.
Само еден ден откако Ким Кардашијан побара од судот легално да ја прогласи за слободна додека трае разводот со Канје, раперот повторно покажа дека нема да се откаже така лесно.
Но, додека Канје упорно се обидува да го привлече вниманието на Ким со чудните изјави, изворите велат дека ријалити ѕвездата, едноставно, го игнорира.
Според извор близок до 44-годишниот рапер, за него најважни се семејството и љубовта кон Ким и наводно ништо нема да го промени тоа.
„Тој не се откажува без борба. Ким е мајката на неговите деца и тој нема да се откаже така лесно. Бев разлика дали се заедно или не, тие секогаш се поддржуваат.
Неодамнешната посета на Ким до судот не значи дека Канје ќе престане да се обидува да ја освои“.
Изминативе неколку недели Канје неколкупати јавно ѝ се извинуваше на Ким и ја молеше да се врати. Сепак, според извори блиски до Ким, таа не ни обрнува внимание на овие изјави и секојпат ги игнорира.
Според изворот, Ким се обидувала да му покаже сочувство на раперот и наводно ѝ било јасно дека тој секогаш го кажува она што го мисли.
„Никој не може да го сопре, а Ким го знае тоа“.
Според судските документи што ги откри магазинот TMZ, Ким истакнува дека на бракот со Канје дефинитивно му нема спас и покрај неговите јавни извинувања.
„Помеѓу мене и Канје постоеја и уште постојат ненадминливи разлики кои беа причина за неизбежното растурање на нашиот брак“, гласи изјавата на Ким.
Ким не само што поднесе барање до судот легално да ја прогласат за слободна, туку сака и да го тргне презимето на Канје – Вест.
Според документите, Ким се обидувала да најде заеднички јазик со Канје уште откако поднела барање за развод во февруари 2021-ва.
Наводно, таа неколкупати го замолила раперот да ги потпише документите за развод за и двајцата да можат да продолжат со нивните животи. Но, тој ја игнорирал и не ѝ одговарал на барањата.
Ким сака само да биде прогласена за сингл, а проблемите со старателството и поделбата на богатството да се решаваат одвоено.
„Канје и јас заслужуваме можност да изградиме нови животи. Затоа барам да ми биде одобрено да го поништам нашиот брачен статус“.
Кога станува збор за презимето Вест, промената може да ѝ предизвика проблеми на Ким бидејќи нејзиниот бренд – KKW – се всушност иницијалите Ким Кардашијан Вест.
Периодов Канје ги загрижува фановите со неговото однесување и многумина се убедени дека му е потребна помош. Покрај молбите до Ким и појавувањето во јавност во чуди изданија, неодамна раперот ги избришал и сите објави од неговиот Инстаграм профил.
Иако е повеќе од очигледно дека Ким е децидна во својата одлука, Канје е убеден дека Бог ќе му ја врати саканата.
Во меѓувреме, Ким ужива со нејзиното ново момче – 28-годишниот Пит Дејвидсон – со кого се запозна на снимање на SNL.
Спирова С. | Црнобело