Ќерката на Мадона позира провокативно, првпат без влакна под пазувите, откако мајка ѝ беше критикувана за голотија
- Детали
- петок, 10 декември 2021
Разголените фотографии не се ништо ново за Мадона, а сè почесто ќерка ѝ Лурдес го следи нејзиниот пример - неколку недели по контроверзната објава на Мадона, и Лурдес направи провокативна фотосесија, овојпат без нејзиниот „заштитен знак“ - влакната под пазувите.
Лурдес Леон, 25-годишната ќерка на Мадона, направи провокативна фотосесија за магазинот Paper, само неколку недели откако познатата пејачка ја разбранува јавноста со разголените фотографии на Инстаграм.
На фотките младата девојка носи минијатурни парчиња и долна облека која не покрива речиси ништо и е застаната во провокативни пози. Ова е можеби прва фотосесија на Лурдес каде што нема влакна под пазувите.
За фотосесијата, Лурдес одбрала мини здолниште во комбинација со бикини во сина боја, како и бел фустан со чипка кој на задниот дел нема ништо освен врвки.
На дел од фотките Лурдес позира пред автомобил со светлосини бикини и бели чизми.
Иако 25-годишната девојка неколку години работи како модел, вели дека танцувањето е нејзината најголема пасија.
„Танцот, особено перформансите, се област во која ако не сте целосно присутни и автентични, ако не сте целосно внесени во движењето, луѓето можат да забележат.
Нема криење во танцувањето бидејќи тоа е уметност во која ги носите вашите емоции. А, тоа ме научи да бидам автентична во секоја ситуација од мојот живот“.
Лурдес вели дека иако сега почесто прави кореографии за други артисти, дел од неа уште сака да настапува на сцена.
„Не знам дали сум подготвена да престанам со перформанси. Сега се пробувам со кореографии за музички спотови и слично“.
На фотосесијата, на Лурдес ѝ се придружила и Мадона, која сподели една заедничка фотка од нив двете.
https://www.instagram.com/p/CXSNrJflWGH/
Само неколку недели пред провокативната фотосесија на Лурдес, мајка ѝ Мадона ја разбранува јавноста со разголените фотки на Инстаграм.
63-годишната пејачка сподели разголени фотографии, а на неколку од нив ѝ се гледаа и градите. Поради ова, Инстаграм ја избриша нејзината објава, по што пејачката повторно ги сподели фотографиите, но овојпат цензурирани.
Мадона ја искористи ситуацијата за да ја критикува социјалната мрежа.
„Уште ми е чудно што живееме во култура која дозволува да биде покажан секој дел од женското тело, освен брадавиците. Како тоа да е единствениот дел од женската анатомија што може да се сексуализира“.
Мадона доби остри критики од јавноста, затоа што не ѝ личело да објавува такви разголени фотографии, според фановите.
И Лурдес често е мета на критики, а вели дека причината за тоа е фактот што Мадона ѝ е мајка.
„Луѓето ме мразат бидејќи многу од нив ја мразат мајка ми. Па, очигледно, јас сум најстарата ќерка, па и јас ќе ја чувствувам омразата. Секојпат кога ќе направам нешто лошо, велат ‘Каква мајка таква ќерка’“.
Прочитајте повеќе: „Ова е веќе срамота“ – Мадона (63) остро критикувана за експлицитните, разголени фотки на Инстаграм
Спирова С. | Црнобело