Која е вистината - зошто Сара Џесика Паркер и Ким Катрал не се поднесуваат?
- Детали
- петок, 10 декември 2021
Наводно една од причините била и таа што на Сара Џесика ѝ било дозволено да го задржи градникот за време на секс сцените, а пак Ким Катрал, послабо платена, морала да покаже сè и да се разголи комплетно.
На екраните Кери Бредшо, односно Сара Џесика Паркер, и Саманта, односно Ким Катрал, беа најдобри пријателки со години, но во реалноста нивниот однос уште од почетоците на соработката е комплетна спротивност од тоа.
Тензијата меѓу водечките дами од серијата „Sex And The City“ се развлекува со години, но во 2019 година ескалираше и јавно кога почина братот на Ким, Крис.
Сара Џесика ѝ се јавила да ѝ понуди поддршка и да ѝ изрази сочувство на поранешната ко-ѕвезда, но Ким гестот го проценила како болен потсетник за тоа колку сурова наводно била Џесика кон неа.
Па, каде започнува сè?
Тензијата помеѓу нив е од самите почетоци на нивната соработка за серијата. Со секс сцените Ким доби огромна слава и репутација како да ѝ ја краде славата на Сара, а тоа не ѝ се допаднало на водечката дама.
Сара Џесика формирала сојуз со другите 2 ко-ѕвезди, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, против Ким и ја исклучувале од дружбата, што направило таа да се чувствува изолирано на сет.
Кружеа и гласини дека триото одбивало да зборува со Ким, освен ако не станувало збор за изведба на сценариото, дури и кога снимале по 15 часа на ден. Тие не ни ручале со неа.
Наводно дури и шминкерите и други соработници на сет почнале да се вртат против Ким, поради влијанието од триото.
За време на снимање во Атлантик Сити, Сара Џесика, Синтија и Кристин престојувале во една куќа заедно, а Ким била оставена да си бара сместување сама.
Исто така, во јавност излегле информации дека Сара Џесика заработува трипати повеќе од нејзините колешки, па ова не ѝ се допаднало на Ким. Таа се лутела ѝ поради тоа што Сара Џесика добива многу повеќе време во фокус на серијата.
Дополнителна причина била тоа што на Сара Џесика ѝ било дозволено да го задржи градникот за време на секс сцените, а пак таа послабо платена морала да покаже сè и да се разголи комплетно.
Но, и покрај несогласувањата, 4 години подоцна, Ким Катрал прифати да биде дел од филмот „Sex and the City“, а Сара Џесика во интервју за магазинот Elle призна дека снимањето со ко-ѕвездите не ѝ одело лесно.
„На сет си, работиш по 90 часа неделно, никогаш не си дома, истоштен си. Понекогаш чувствата се разбрануваат, но немам каење за тоа како сум се однесувала кон одредени луѓе.“
Ким пак, во едно гостување во 2017 за Сара Џесика изјави: „Никогаш не сме биле пријателки. Колешки сме и тоа е доволно.“ Потоа дополни дека не се гледаат откако снимањето на серијата завршило.
„Сара Џесика можеше да биде пофина, не знам кој е нејзиниот проблем, никогаш не знаев“, изјави Ким.
По години без контакт, Сара Џесика ѝ се обратила на Ким за да ѝ изрази сочувство за смртта на брат ѝ, еден месец откако бил пријавен за исчезнат. Тој почина на 55 години во 2019 година и наводно станувало збор за самоубиство.
На сочуството на Сара изразено на социјалните мрежи, Ким одговори: „Не ми е потребна твојата љубов и поддршка во ова трагично време.“
Таа на ова напиша дека дури и нејзината мајка ја прашала кога тој хипокрит Сара Џесика Паркер ќе ја остави на мир.
Потоа ѝ порача дека не ѝ ниту семејство, ниту пријателка и да не ја користи нејзината лична трагедија за да си ја врати репутацијата на „добра девојка“.
По ова не беше изненадување што Ким не прифати да биде дел од продолжението на серијата „And Just Like That....“.
Прочитајте и „Кери и Ѕверката“ со седа коса на црвен тепих – ѕвездите од „Сексот и градот“ се пример за безвременска убавина (фото)
С. С. | Црнобело